
ФОТО: Почна парадата на гордоста во Скопје
Во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија под мотото „Гласни и горди“ денеска во Скопје се одржува овогодишното издание на Скопје Прајд.
Почетната точка на Парадата на гордоста е во паркот „Жена-борец“, каде во 17 часот ќе започне собирањето на учесниците.
Настанот ќе заврши со културно-забавна програма на стадионот на Армијата во Градскиот парк.
