ФОТО Пак гори депонијата Буково, жителите на Ресен, Охрид и Струга дишат канцероген воздух
Повторно гори депонијата Буково, a жителите се жалат дека не можат ни прозор да отворат.
Тие велат дека се шири непријатен мирис.
Од Центарот за јавно здравје во Охрид пак велат дека ваквиот чад е штетен по здравјето на луѓето затоа што на оваа депонија се одлага најразновиден, не селектиран отпад што ја зголемува опасноста од бројни штетни соединенија кои доаѓаат во воздухот.