
ФОТО: Пајак „собра“ полициско возило
Пајак возило претпладнево околу 11 часот од раскрсницата на Илинденска кон Градската болница „8-ми септември“ подигна полициски шевролет спарк објави Телма.
Полициското возило беше на раскрсницата која во моментот во правец Илинденска-Болница не функционира поради градежни работи на таа делница.
На полицискиот спарк немаше траги од удар, па најверојатно станува збор за дефект, а не за непрописно паркирано возило.

