
ФОТО Остатоци од риби и морски плодови кај Дом на АРМ, се шири неподнослива ареа!
Половина риба и десетина расфрлани ракчиња е сликата која ќе ве дочека доколку поминете кај Дом на АРМ. Мршојадци се насобрани и јадат од остатоците од храната која непознато лице ја оставило или расфрлило.
Жителите кои поминуваат во центарот на градот велат дека се шири неподнослива ареа, а во паркот често доаѓаат со деца.
„Неподносливо е. Утрово поминав вака беше, сега еве ништо не исчистено. На овие температури страв ми е дека и зараза ќе фатиме некоја“, вели случајна минувачка за 4NEWS.mk.
Ништо подобра не е сликата ниту на педесетина метри кај паркингот на Собранието. Има контејнери кои се полни, а околу нив е вистински хаос. Секаков вид на ѓубре е расфрлано.

Несовесни граѓани често го прават ова, неразмислувајќи дека ќе се угишиме од сопственото ѓубре. 
ФОТО: 4NEWS.mk

