Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Милијарди загуби и запуштени капацитети го тераат „ЕЛЕМ турс“ кон финансиски колапс
Македонија

ФОТО Милијарди загуби и запуштени капацитети го тераат „ЕЛЕМ турс“ кон финансиски колапс

12/06/2025

AA

Државниот завод за ревизија во денешното соопштение за медиуми укажува на сериозни финансиски и оперативни неправилности во работењето на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт „ЕЛЕМ турс“ ДООЕЛ Скопје за 2023 година. Ревизорите констатирале дека загубите од основањето во 2012 година достигнале 1,197 милијарди денари, што изнесува 92% од основниот капитал на друштвото.

И покрај тоа што загубата во 2023 е најмала во последните шест години, друштвото останува нетечно и продолжува да создава заостанати обврски. За подмирување на долг, „ЕЛЕМ турс“ континуирано склучува трипартитни договори со својот основач, АД ЕСМ Скопје. Само во 2023 година, друштвото пренесло нов долг од 180,902 илјади денари, додека вкупните обврски пораснале на 268,382 илјади денари.

Ревизијата открила и нерационално трошење на јавни средства: во август 2022 година е склучен аутсорсинг-договор вреден 20 милиони денари, но реално се исплатени 34 милиони денари – зголемување од 70% над договорената вредност. Дополнително, ангажманот на надворешни извршители за време на ниска активност на сместувачките капацитети не бил оправдан и не е документативно поткрепен.

Од теренскиот увид на шест објекти – меѓу кои „Молика“ (Битола), „Попова Шапка“ (Тетово) и „Свети Стефан“ (Охрид) – ревизорите забележале дека, освен хотел „Молика“, сите објекти се старeни и не ги исполнуваат минималните технички услови за безбедно сместување. Најкритично е во „Свети Стефан“, каде објектот е исклучен од мрежа, додека „Ливадиште“ (Струга) е во фаза на реновирање.

Ревизорите исто така посочуваат дека за градежните објекти и опрема во вкупна вредност од 284,377 илјади денари не е спроведена постапка за осигурување од опасности како пожар или кражба, што дополнително го изложува друштвото на финансиски ризици. За да се заменат констатираните слабости, ревизорите предложиле конкретни мерки за унапредување на управувањето, рационализација на трошењето и зајакнување на контролата во постапките за јавни набавки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
Македонија

Велигденската трпеза стана луксуз: Граѓаните купуваат „колку за мерак“

11/04/2026
Македонија

Внимавајте со храната за Велигден!

11/04/2026
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42370
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и воскресението

11/04/2026

Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник.

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026

Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по полноќ од земјотрес од 3,1

11/04/2026

Земјотрес со јачина од 3,1 степени по Рихтер ноќеска беше почувствуван во источниот дел на државата. Според информациите на Сеизмолошка

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy