Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФОТО Изгоре куќата на синот на Бајден во пожарите во Малибу
Македонија

ФОТО Изгоре куќата на синот на Бајден во пожарите во Малибу

09/01/2025

AA

Куќата на Хантер Бајден, синот на претседателот на САД во заминување, Џозеф Бајден, изгоре до темел во пожарите во Малибу.

Во прашање е куќа која ја изнајмува Хантер Бајден за 15.800 долари месечно и има три спални соби, три бањи и панорамски поглед на океанот, објави Дејли Мејл.

Куќата се наоѓа во Пацифик Палисадес, кој најмногу настрада за време на катастрофалните пожари кои со денови го пустошат овој дел на Калифорнија.

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави претходно на прес-конференција по неговото пристигнување во Санта Моника, Калифорнија, дека „не е сигурен за судбината на куќата на неговиот син“, но дека Хантер бил информиран дека е можно куќата да изгорела.

„Ова што се случува е неверојатно. Мојот син и неговата сопруга беа известени дека најверојатно нивниот дом е изгорен, но денес изгледа дека можеби сè уште стои, иако не сум сигурен“, изјави 82-годишниот претседател.

Сепак, ексклузивните фотографии на Дејли Мејл покажуваат дека луксузната куќа вредна четири милиони долари, во која живее Хантер (54) со сопругата Мелиса Коен, е една од над 1.000 куќи кои беа уништени во пожарите кои моментално беснеат во Лос Анџелес.

Она што порано беше живописен дом, со бела фасада и прозорци од подот до таванот, сега е само запалено место со два оџаци кои сè уште стојат. Уништено е и студиото каде што сликал Хантер, кое било дел од гостински апартман со приватен балкон и поглед на океанот.

Покрај куќата на Хантер, во пожарот бил уништен и домот што го користел неговото обезбедување на Тајната служба. Изнајмувањето на таа куќа чинеше помалку од 16.000 долари месечно, што го плаќаа американските даночни обврзници.

Оваа куќа беше само еден од неколкуте луксузни имоти што Хантер ги изнајмуваше во последните години. Тој претходно живеел во шпанска куќа во Малибу, што го чинело 20.000 долари месечно, додека Тајната служба била сместена во уште полуксузен објект во близина за 30.000 долари месечно.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy