
ФОТО Густа магла низ Скопје – градот на 43 место во светот по загаденост
Густата магла вечерва ја прекрива скопската котлина, а во исто време главниот град се најде на 43. место меѓу најзагадените градови во светот, а квалитетот на воздухот се оценува како умерено нездрав.
Според податоците регистрирани се 75 µg/m³, односно концентрацијата на ПМ2.5 е 4,4 пати поголема од годишната препорачана вредност на Светската здравствена организација, што го зголемува ризикот за здравјето, особено кај чувствителните групи.
Препораки за здравје:
