Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот
Економија

Формиран Бизнис совет на Хајделберг факултет Скопје за соработка меѓу академијата и бизнис секторот

21/12/2024

AA

Хајделберг факултет Скопје со
гордост го објавува официјалното формирање на Бизнис советот, стратешки советодавен
одбор насочен кон зајакнување на соработката помеѓу академската заедница,
студентите и бизнис секторот. Свечената церемонија се одржа денеска во просториите на факултетот.

Бизнис советот претставува
платформа за заедничка работа чија цел е да се надминат предизвиците на пазарот на трудот, особено
недостатокот на  квалификуван кадар. Советот ќе овозможи
поврзување на теоретското образование со реалните деловни потреби преку
заеднички проекти, пракси и иновации.

„Формирањето на Бизнис советот означува нова ера на партнерство и
раст,” изјави деканот на
Хајделберг Скопје, проф. д-р Горан
Василев, „посветени сме на развој на идни професионалци преку создавање
средина каде што академијата и индустријата соработуваат за заеднички
успех”.

Основачите на Советот се
истакнати претставници од различни индустрии со заедничка визија за економски
развој на земјата. Преку креирање мрежа
од стратешки партнерства,
Хајделберг има за цел да го поддржи професионалниот развој на младите и да ја
зголеми конкурентноста на пазарот на трудот во Северна Македонија.

Церемонијата вклучуваше воведни
говори, презентација на целите на Советот и панел дискусија за развој на
квалификувани кадри. Настанот заврши со сесија за вмрежување, поставувајќи
основа за идни соработки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy