Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Фирмата по грешка му исплатила на работникот 367 пати поголема плата, тој одбил да ги врати парите: Не помина убаво…
Македонија

Фирмата по грешка му исплатила на работникот 367 пати поголема плата, тој одбил да ги врати парите: Не помина убаво…

03/08/2023

AA

Работник во унгарска фирма наместо форинти по грешка примил плата од 92.549 евра, па добил 367 пати повеќе пари отколку што му следувале.

Човек кому компанијата му ја прекина работата пред истекот на пробниот период и дал на компанијата сметка во австриска банка за да ја исплати преостанатата плата. Компанијата на таа сметка префрлила 92.549 евра наместо 92.549 унгарски форинти што му ги должела, а се во вредност од 238 евра.

Набргу потоа, компанијата ја открила грешката и побарала од човекот да го врати вишокот. Тој одбил да го стори тоа, оправдувајќи се на различни начини. Меѓу другото, тој им кажал дека нема пристап до сметка во австриска банка.

Истовремено од банкомат во градот Капошвар на југозапад од Унгарија подигнал околу 15.000 евра. Бидејќи поранешниот вработен упорно одбивал да и го врати вишокот на фирмата, обвинителството поднело пријава против него.

Тој беше обвинет за незаконско присвојување средства, соопшти обвинителството. Австриските власти успеале да и вратат поголем дел од парите на оштетената компанија.

Обвинителството во Капошвар бара изрекување парична казна и бара надоместување на преостанатите штети на компанијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

15 ВОЗАЧИ ЛИШЕНИ ОД СЛОБОДА Двајца малолетници меѓу оние кои

14/02/2026
Македонија

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА ДРАСТИЧНО Дожд, бури, а на планините и

14/02/2026
Македонија

Муцунски: Германија останува клучен партнер во македонските евроинтеграции и економската

14/02/2026
Македонија

📽️ 📷 МИРОТ МОРА ДА БИДЕ ПРАВЕДЕН ЗА ДА БИДЕ

14/02/2026
Македонија

НАМЕСТО БИЗНИС ОСТАНАЛА БЕЗ ПАРИ Кавадарчанка измамена за 3.000 евра

14/02/2026
Македонија

Струга сè уште без чиста вода: Приватна институција од Скопје

14/02/2026
Македонија

Вештачењето во „Онкологија“: Стручни мислења и контроверзии околу документацијата

14/02/2026
Македонија

Декларацијата за независност – сведоштво напишано со срце и на

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41480
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy