Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финска доби нов претседател: Кој е Александар Стуб, попознат како политичар кој сака селфи?
Македонија

Финска доби нов претседател: Кој е Александар Стуб, попознат како политичар кој сака селфи?

12/02/2024

AA

Поранешниот премиер Александар Стуб стана нов претседател на Финска, откако ја победи поранешната министерка за надворешни работи Пека Хавист во неизвесната трка меѓу двајца искусни политичари во вториот круг од изборите што се одржа во неделата во оваа земја.

Резултатите потврдуваат дека изборната трка била неизвесна. Имено, како што пренесува финскиот јавен сервис Yle, Стуб освоил 51,6 отсто од гласовите, додека Хавист 48,4 отсто.

Инаку, првиот круг од изборите се одржа на 28 јануари, а потоа Стуб беше позициониран како прв, додека Хависто беше втор. Причината за одржување на вториот круг од претседателските избори е тоа што ниту еден од кандидатите не надмина 50 отсто од гласовите.

Првичните податоци покажаа излезност од 70,7 отсто, што е помалку од првиот круг, во кој беше 75 отсто.

Хависто го призна поразот откако проекцијата на финскиот јавен радиодифузер YLE предвиде победа за Стуб по девет часа по локално време. Тој се ракуваше со Стуб и му честиташе во градското собрание на Хелсинки, каде кандидатите и медиумите ги следеа резултатите додека пристигнаа.

Стуб сега го заменува исклучително популарниот претседател Саули Нинисто, кој немаше право на реизбор и чиј шестгодишен мандат истекува во март. Откако прогласи победа, тој изјави дека ќе му биде чест да ја извршува функцијата претседател, пренесува Гардијан.

„Оваа задача е поголема од човекот“, рече тој.

За Финска, меѓународната безбедност и надворешната политика се во фокусот
Претседателските избори во Финска беа први откако земјата влезе во НАТО.

Финска со години не сакаше да се приклучи на алијансата во обид да ги смири тензиите меѓу Русија и НАТО, но Финците се предомислија по рускиот напад врз Украина во февруари 2022 година и оваа нордиска земја влезе во НАТО во април минатата година.

Ова е особено важно, бидејќи Фиска дели 1.340 километри долга граница со Русија, па нејзиното членство во алијансата се дефинира како еден од најзначајните моменти во поновата историја на НАТО, пишуваше тогаш Би-Би-Си.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нови правила за донорство: Граѓаните сами кај матичниот ќе одлучуваат

09/04/2026
Македонија

ЗАОКРУЖЕН Е ПРВИОТ ЦИКЛУС НА ЗЕЛЕНИОТ КОНКУРС НА dm Раззеленети

09/04/2026
Македонија

Сведоштва за ужасот во „Пулс“: секунди до спас, хаос и

09/04/2026
Македонија

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија: Економијата на стабилна

09/04/2026
Македонија

Сопруг на наставничка и се заканувал на директорката зошто жена

09/04/2026
Македонија

АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ ТВРДИ ДЕКА ОДГОВОРИЛА НА ПРАШАЊАТА

09/04/2026
Македонија

Од сонце и 23 степени до дожд и грмежи: Што

09/04/2026
Македонија

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42311
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трамп: Нападот врз Иран беше како бомбардирање на Хирошима

25/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече споредбата меѓу американскиот воздушен напад врз Иран и фрлањето нуклеарни бомби врз Хирошима и

ВИДЕО Иран испали нов бран ракети кон Израел

20/06/2025

Иранската војска испали нов бран ракети кон Израел, соопшти израелската војска. Нападот доаѓа откако Израел издаде предупредување за евакуација до

Се појави нова варијанта на КОВИД: „Грло како жилет“

20/06/2025

Новата варијанта на коронавирусот, позната како NB.1.8.1, предизвикува специфичен симптом – силна болка во грлото, поради што го доби прекарот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy