Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Финансиски резултати за четвртиот квартал/12 месеци од 2024 година
Македонија

Финансиски резултати за четвртиот квартал/12 месеци од 2024 година

03/03/2025

AA

Иако годишните приходи и ЕБИТДА забележаа пад во 2024 година, поради флуктуации во цените и зголемената конкуренција, еднократни фактори предизвикаа зголемена добивка  пред оданочување

Во 2024 година, глобалниот пазар на деривати претрпе значителни флуктуации на цените поттикнати од геополитичките тензии и макроекономските притисоци. Во првата половина од годината, цените на горивата забележаа нагорен тренд поради зголемената побарувачка и загриженоста од прекини во снабдувањето, особено поради тоа што санкциите кон Русија продолжија да го обликуваат глобалниот трговски тек на нафтата. Сепак, во втората половина од годината, цените почнаа да паѓаат, бидејќи зголеменото производство и економското забавување на клучните пазари ја ублажија побарувачката. Тековните конфликти на Блискиот Исток беа причина за дополнителна неизвесност, влијаејќи на рутите за снабдување и состојбата на пазарот. Ваквата динамика придонесе за нестабилно ценовно окружување во текот на целата година.

И покрај тековните предизвици предизвикани од глобалната енергетска криза во последниве години, ОКТА остана носечки столб во снабдувањето со деривати на  земјата, но и во регионот. Компанијата се придржуваше кон ригорозни стандарди за здравје и безбедност, им обезбеди непречени услуги на клиентите и истовремено засилено ја поддржуваше заедницата. Дополнително, ОКТА активно трагаше по нови приливи на приходи преку инвестиции во обновлива енергија, диверзифицирајќи го својот бизнис и придонесувајќи кон развојот на поодржлива иднина.

Позитивните резултати постигнати во 2024 година ја потврдија ефективноста на долгорочната стратегија на компанијата и ја зајакнаа довербата на раководството во нејзината имплементација. И покрај комплексното и конкурентно окружување полно со предизвици, ОКТА ја задржа својата лидерска позиција на пазарот, заокружувајќи ја годината  со 68% пазарен удел во Република Северна Македонија и 32% пазарен удел во Косово.

Како и досега, менаџментот на ОКТА продолжува будно да ја следи динамиката на пазарот и проактивно да идентификува можности за поттикнување на растот на бизнисот и оперативната ефикасност. Преку стратешко планирање и активно одлучување, компанијата и понатаму останува добро позиционирана за долгорочен успех во  енергетско окружување кое постојано се развива.

Најзначајни остварувања во четвртиот квартал и 2024 година

Компанијата, во согласност со своите стратешки приоритети, инвестираше 78 милиони денари во текот на 2024 година во заокружување на процесот на изградбата на сопствена фотоволтаична централа од 12 MW, која почна да функционира во втората половина од годината, создавајќи нов прилив на приходи.

Општествена одговорност на претпријатието

ОКТА ја потврди својата посветеност на општествено одговорно однесување, преку двете кровни фотоволтаични централи коишто компанијата ги донираше на две образовни институции: едно основно училиште во Велес и една градинка во Гевгелија. Во 2024 година, компанијата исто така придонесе и за подигнување на свеста за безбедноста во сообраќајот преку инвестиции во едукативни иницијативи и програми за донации.

Во рамките на овие активности, ОКТА организираше едукативни работилници за сите првоодделенци во општина Центар. Иницијативата беше дополнета со донација на фотоволтаични сообраќајни знаци, стратешки поставени во близина на училишта и градинки низ општината, за да се зајакне безбедноста на патиштата.

ОКТА ја заокружи годината реализирајќи ги  своите традиционални донаторски активности во соработка со Црвениот крст на град Скопје и дополнителна поддршка за училиштата во околината на компанијата, особено во општина Илинден.

Здравјето и безбедноста на нашите вработени и клиенти, како и континуираното и непречено снабдување на регионот со горива, остануваат врвни приоритети на раководството на ОКТА.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41639
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три нови проекти

19/02/2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy