
FBI oткри српски малолетник кој прави налози со имиња на масовни убијци и истражува како се прави бомба
Полицијата уапси средношколец во српскиот град Суботица, кој истражувал изработка на бомба.
Полицијата уапси малолетен ученик од гимназијата во Суботица по дојава од американското Федерално биро за истраги (FBI) дека на интернет правел налози со имиња на масовни убијци, истражувал како се прави бомба.
Уапсен е Д.У од Бачка Топола, ученик во гимназијата „Светозар Марковиќ“ во Суботица, на кој му е изречена забрана за напуштање на живеалиштето со обврска да носи алка на ногата за следење на движењето.
Весникот Блиц, пак, наведува дека FBI открило и препратило информации до српските власти дека малолетниот Д.У. правел налози на интернет со имиња на масовни убијци и дека истражувал како се прави бомба.
Весникот додава дека во разговор со училишниот психолог рекол дека „не му паднало на памет да направи масакр во училиштето, туку му паднало на памет да направи такво нешто во близина на градинката“.
Порталот Subotica.com наведува дека судијата за малолетници на Вишиот суд во Суботица му изрекол 30-дневна забрана за напуштање на станот, иако Вишиот јавен обвинител предложил да му биде одреден притвор.
Во регионот имаше серија закани за масакри, откако момче во Белград уби 9 луѓе, а друго момче од Младеновац уби 8 луѓе.
Во црногорскиот град Котор, полицијата уапси момче кое носело најмалку 10 ножеви.