Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАРМАЦЕВТИ, ОСИГУРИТЕЛИ, БАНКАРИ, НАФТАШИ – каде ви се жените на лидерските позиции, нивните добивки се подеднакво вредни
Економија

ФАРМАЦЕВТИ, ОСИГУРИТЕЛИ, БАНКАРИ, НАФТАШИ – каде ви се жените на лидерските позиции, нивните добивки се подеднакво вредни

12/03/2024

AA

Иако се подеднакво
успешни во своето работење како директорки на компаниите, жените многу малку
добиваат раководни и управувачки позиции.

Во време кога светот се
бори за родова рамноправност, домашниот бизнис се чини дека не е многу расположен да им
даде доверба на жените менаџерки.

Македонската берза, како
и секој март, и овој пат по повод на Денот на жената изработи прецизна анализа за тоа колку жените
учествуваат во органите на управување и раководење и колку имаат извршни
директорски позиции во котираните акционерски друштва.  

Бројките говорат дека
нивниот процент е многу мал, или отприлика, околу една четвртина.

Во анализата на Берзата
учествувале 89 котирани компании на официјалниот берзански пазар, а во нив има
вкупно 559 членови во органи на управување.

Дури 74,6 проценти од
сите овие членови на управни и надзорни одбори се мажи, или тоа се 417 луѓе од
вкупно 559.

А, само 25,4 отсто се
жени, или 142 жени членуваат во органите на управување на котираните компании
на Берзата.

Уште попоразителен е
податокот колку мажи а колку жени се извршни директорки или претседателки на Управните
одбори на котираните компании. Само 16,5 проценти се припаднички на женскиот
род, додека цели 83,5 отсто се припадници на посилниот пол, што веројатно и им
е „главната референца“ за да ги добиваат главните менаџерски позиции во
котираните компании, кои, пак, се сметаат за најсилните упоришта на домашната
бизнис сцена.

Ако се гледа, пак, структурното учество на мажи и жени во органите на управување на котираните акционерски друштва кои го сочинуваат берзанскиот
индекс МБИ10, што, пак, се смета за „врвот“
во домашниот бизнис или буквално најдобрите и најуспешните компании, може да се
забележи дека во нивните органи на управување мажите се застапени со 73,5
отсто, додека, пак, жените држат 26,5 проценти од овие позиции.  

А, кога станува збор за изврши директори или претседатели на управни одбори на котираните
акционерски друштва кои се елементи на МБИ10, на такви главни места жените се
само 20 проценти, додека дури 80 отсто им припаѓаат на мажите.

И, ако се набљудува учеството на мажи и жени во органите на управување во
компаниите според дејноста, може да се види дека според лидерството на мажите,
води фармацијата, со 87,5 отсто мажи, и само 12,5 отсто жени. Во овој дел се
набљудувани две друштва колку што се котирани на официјалниот пазар.

Следува дејноста осигурување, исто со набљудувани две котирани компании,
и каде на мажите им припаѓа 86,67 отсто, додека, пак, 13,33 проценти од
управувачките позиции се резервирани за жените.

Многу раководни места не им се даваат ни на жените во трговијата со
нафтени деривати, каде исто се претставени две компании, и каде 81,25 отсто од
членовите во органите на управување се мажи, додега 18,75 отсто им припаѓаат на
жените.

Потоа, според бројот на мажите на раководните позиции следува
индустријата, па банкарството, па услугите, па градежништвото…

За пример за почитување кон жените, пак, се земјоделските акционерски
друѓштва, кои се пет на број анализирани, и каде сепак мажите предничат, но не
толку многу. Или, тие се застапени со 59,38 отсто, додека на жените им припаѓаа
40,63 проценти. Ова можеби не е идеално, но е многу подобро од друштвата од
другите дејности.

А, за да дадеме доказ дека жените се подеднакво ефикасни директорки и
менаџерки, доказ е фактот што компаниите раководени од жени, со дури 76,2 отсто
работеле со добивка, а овој процент кај АД управувани од мажи изнесува 76,5
отсто.

Н.Н.Ф.

Фото: Freepik

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy