
Фамилијарна фотографија од техничката Влада – Џафери: Денес се исполнува сонот за прв премиер Албанец!
Премиерот заедно со министрите во техничката Влада се фотографираа.
Фотографијата ја сподели првиот премиер Албанец, Талат Џафери кои порача дека денес се исполнува сонот за прв премиер Албанец!
„Денес ветувам дека ќе го исполниме сонот и за напредна, развиена, демократска и европска Република Северна Македонија! Држава во која младите ќе сакаат да се вратат, мојата генерација ќе ги гледа внуците како растат, а највозрасните ќе се гордеат што влогот во државноста вродил со резултат. Честитки Влада!“, напиша тој.