Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Ајварот и казината носат најголеми добивки во Гевгелија
Економија

ФАКТОР ИСТРАЖУВА: Ајварот и казината носат најголеми добивки во Гевгелија

28/05/2024

AA

Општина Гевгелија со градот и околните места има вкупен број на население помал од 20.000 жители, според последниот попис, но местоположбата и природните ресурси не ја спречуваат да ги има едни од најуспешните бизниси во земјата.

Во тоа предничат компаниите за приредување игри на среќа. Во првите единаесет со најголема остварена добивка во 2023 ги има дури три – Макотен, Принцес Хотел и Казино и Фортуна Интернационал. Сите три компании имаат лиценци за свои казина, сместени во хотели.

Дием-ГП, Випро, Техноалат Комерц и Вори, компании кои произведуваат брендиран ајвар, домашни традиционални специјалитети  и други преработки на овошје и зеленчук, се меѓу најуспешните во 2023. Нивната вкупна добивка е поголема од 3 милиони евра.

Конти Хидропласт и Интер-Констракшн се компании специјализирани за производи од пластика, како цевки и шахти. Елмотерм на Коста Гацев инсталира фотопанели, а Лемекс Транспорт на Лефтер Шутов е друштво за товарен превоз.

Роуд Гамес Интернационал е програмерска компанија на Александар Сламков со шест вработени и раст на добивка од 78 отсто. На БС Билдинг, основана во 2019 од Бранислав Палазов и Стефан Русев, конечно му тргнало во изградбата на станови. 

Меѓу компаниите со најголеми добивки од Гевгелија е и Итек Системс, која инсталира видеонадзор и други безбедносни системи, како тој за противпожарна заштита и друго. Компанијата на електроинженерот Тодор Бегов има 56 вработени и има своја подружница во Скопје. А.К.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се зголемува бројот на Македонци кои бараат помош од загрозените

01/03/2026
Македонија

Приведен 27-годишник од Гостивар: Се заканувал и се обидел физички

01/03/2026
Македонија

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија, формиран единствен центар

01/03/2026
Македонија

„Трајчо не е виновен, селаните ни љубоморат затоа што имаме

01/03/2026
Македонија

УТРИНСКА МАГЛА ПО КОТЛИНИТЕ Облачно со повисоки температури

01/03/2026
Македонија

СТУДЕНТИ, НЕ ГО ПРОПУШТАЈТЕ РОКОТ ЗА ОБРОК До 5 март

01/03/2026
Македонија

Кочани се подготвува за тридневна комеморација за достоинствено сеќавање на

01/03/2026
Македонија

Медицински канабис или параван за криминал: Владата одзема лиценци, граѓаните

01/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42086
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се зголемува бројот на Македонци кои бараат помош од загрозените подрачја на Блискиот Исток –

01/03/2026

Со оглед на влошената безбедносна состојба во регионот на Блискиот Исток, вчера во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија

Приведен 27-годишник од Гостивар: Се заканувал и се обидел физички да ја нападне сопругата

01/03/2026

На 28.02.2026 во 21:25 часот во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар  го лишија од слобода Ј.З.(27) од с.Долна Бањица,

Се спојуваат клиниките за кардиологија и кардиохирургија, формиран единствен центар на терциерно ниво за кардиоваскуларна

01/03/2026

Владата на последната седница, која се одржа минатиот вторник(24.02.2026), на предлог на Министерството за здравство, донесе одлука за спојување на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy