Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата
Економија

ФАКТОР АНАЛИЗА: ТОП-100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА 2023 : Бехтел и Енка, Магна Мирорс, Протергиа и РЕС на листата

13/05/2024

AA

Јавното претпријатие „Државни патишта“ и централната банка ја предводат листата на 100 најуспешно рангирани по остварени добивки во Македонија во 2023. Стандардно секогаш на врвот е производителот на катализатори Џонсон Мети од индустриската зона Бунарџик, по што следуваат трите најголеми комерцијални банки во земјата, а по нив и останатите гиганти кои котираат на Македонската берза.

Тука се и компаниите за игри на среќа – Државна видеолотарија, Касинос Аустриа, АД Државна лотарија, Макотен, Апекс и Делта Бет. Малопродажбата, дистрибуцијата на стоки и градежниците се стандардно застапени. Конзорциумот Бехтел и Енка за неполна година од почетокот на својата работа на новите автопати, заработил безмалку 4 милиони евра како добивка и со тоа веднаш направи сефте во рангирањето.

Во Топ-100 има место и за застапниците на автомобилските марки – Мак Аутостар, МА Труст, Порше Македонија и М Кар, како и за аутсорсинг компании и друштва од областа на телекомуникациите. Има и такви за софтверските услуги – сектор од каде што на листата се најде и Аитоникс на Јордан Димитровски, инаку друштво познато по тоа што ги набавува лиценците за сајбер безбедност на владата и другите витални државни органи.

Меѓу нив се и оние од металопреработувачката и автомобилската индустрија. Тука се и голем број од технолошко-индустриските развојни зони, а меѓу нив е и канадската Магна Мирорс, која иако 2023 и беше прва полна година на работа во земјата, направи профит од 9 милиони евра во струшко Мислешево.

За одбележување е и тоа што за прв пат на оваа листа се најде Протергиа Енерџи, грчката компанија во сопственост на Митилинеос, која му продава јаглен на АД ЕСМ за РЕК Битола. Во првите 25 е и битолската Марковски Компани, позната по тоа што добива огромни суми за ископ на јаглен.. 

Топ добивки имаат сите фирми што се поврзани со цената на електричната енергија за домаќинствата – ЕВН Хоме, Електродистрибуција, АД ЕСМ и МЕПСО, па ова нека биде една порака до регулаторот дека нема простор за изговори за повисоки сметки.

На „енергетските“ компании им одело од рака, а тука се две поврзани со поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев – Централ Инвест за производство на електрична енергија од фото и хидро централи, како и Рењувабал Енерџи Суплај (РЕС), во која до оваа година имаше свој удел и неколку години тргува со струја.

Во Топ-100 има и две финансиски друштва за брзи кредити и голем број на компании познати по производството на цевки. Тука се и рудниците и компаниите кои работат на изградба на инфраструктура.

Афирмација за прв пат доживува и компанијата Мега Витал, каде бројот на вработени од неколку се искачил на 52, и инаку е во сопственост на сестрите Викторија и Христина Механџиски, познати како сопственички на Зегин. 

Има и компании со чии дејности досега беше невообичаено да се најдат на списокот – како Интебако (продажба на фотопанели) и Флексо Принт ТП (печатење на хартија). A.K.

Извор: Централен регистар

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три

19/02/2026
Македонија

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во

19/02/2026
Македонија

Инцидент на протестите во Блатец, нападнат претставник на инвеститорот

18/02/2026
Македонија

НЕМА ДА ИМА БЕСА, АЛТЕРНАТИВА, АЛИЈАНСА, ЌЕ ИМА САМО ВЛЕН

18/02/2026
Македонија

ГОЛЕМ ОДРОН НА ПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Се вози само по една

18/02/2026
Македонија

Беким Ќоку: Секоја одлука на Беса е и одлука на

18/02/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Голем одрон во должина од 80 метри на автопат

18/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41639
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНТЕНЗИВНО СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА Николоски во Прилеп најави три нови проекти

19/02/2026

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска од Прилеп најави три крупни инфраструктурни проекти за долгорочен развој за општината.

ОСУМ ДЕНА ДРУЖЕЊЕ, СМЕА, ИГРА И ЗАБАВА Отворен струмичкиот карневал

19/02/2026

Со симболично предавање на клучот од градот од градоначалникот Петар Јанков на карневалџиите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања.

ФИЛИПЧЕ СЕ ОДНЕСУВА КАКО БОМБАШ САМОУБИЕЦ Создава токсична атмосфера во општестевото, вели Николоски

19/02/2026

Заменик претседателот на Владата на Република Македонија, Александар Николоски во одговор на новинарско прашање во Прилеп, каде што присуствуваше на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy