Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Фајненшл тајмс“: Европа загуби 100 милијарди евра поради санкциите против Русија
Економија

„Фајненшл тајмс“: Европа загуби 100 милијарди евра поради санкциите против Русија

07/08/2023

AA

Најголемите европски компании изгубија 100 милијарди евра од февруари 2022 година поради продажба, затворање или намалување на нивниот бизнис во Русија.

Од годишните извештаи на 600 европски компании и нивните финансиски извештаи за 2023 година, произлегува дека 176 компании избегнале девалвација на нивните средства и дополнителни трошоци поради промената на бизнисот во Русија, се наведува во извештајот на „Фајненшл тајмс“.

Во овие пресметки не се вклучени индиректните трошоци како што е поскапувањето на енергијата и стоките.

Најголемите загуби се концентрирани во неколку сектори како што се енергетиката, автомобилската индустрија и финансискиот сектор.

Три компании од енергетскиот сектор – БП, Шел и Тоталенерџис објавија дека нивното повлекување од Русија ги чинело околу 40,6 милијарди евра, но „Фајненшл тајмс“ наведува дека овие загуби се надоместени со зголемувањето на профитот поради зголемувањето на цените на нафтата и гасот.

Загубите на европската автомобилска индустрија изнесуваат 13,6 милијарди евра, додека финансискиот сектор – банките, осигурителните компании, инвестициските компании загубија 17,5 милијарди евра поради заминувањето од Русија.

Гледајќи ги земјите, најмногу загубија компаниите од Германија, Франција и Велика Британија.

Повеќе од 50 отсто од вкупно 1.871 европски компании кои работеа во Русија пред војната се уште се активни во таа земја, според Киевската школа за економија.

Италијанскиот Уникредит, австрискиот Рајфајзен, швајцарскиот Нестле и британскиот Унилевер сè уште работат во Русија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Министерството за здравство го мапира човечкиот капитал во здравствениот систем

21/11/2025
Македонија

📷 НЕМА ДА ОСТАНАТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Почна

21/11/2025
Македонија

Каде има опасност од излевање?: Сатеска, Коселска и Црна Река

21/11/2025
Македонија

Уставниот суд ќе ги оценува линеарните пензии по предлогот на

21/11/2025
Македонија

Реките се излеаја во Битолско и Преспа, критично и во

21/11/2025
Македонија

НЕМА ДА ОСТАНАТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ СО АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Почна да

21/11/2025
Македонија

ПОПЛАВЕН ДЕЛ ОД ПАТОТ ОХРИД СВЕТИ-НАУМ, ИМА ДО 30 САНТИМЕТРИ

21/11/2025
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ОБЈАВУВАЛ РАСИСТИЧКИ СОДРЖИНИ Доби пријава за говор на омраза

21/11/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 37894
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Министерството за здравство го мапира човечкиот капитал во здравствениот систем низ целата држава

21/11/2025

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска на прес-конференција соопшти дека Министерството започнало со прва темелна анализа на човечките ресурси во

📷 НЕМА ДА ОСТАНАТ СЕЛА ОТСЕЧЕНИ ОД АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД Почна да се гради натпатник кај

21/11/2025

Коце Трајановски, директорот на Јавното претпијатие за државни патишта информира дека интензивно се работи на проекти кои ќе обезбедат населените

Каде има опасност од излевање?: Сатеска, Коселска и Црна Река со висок водостој – УХМР

21/11/2025

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) претпладнево излезе со детална хидролошка информација за состојбата со реките во државата. Според најновите мерења

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy