Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европскиот извештај ја подели собраниската дебата – власта гледа напредок, опозицијата предупредува на стагнација
Македонија

Европскиот извештај ја подели собраниската дебата – власта гледа напредок, опозицијата предупредува на стагнација

27/05/2025

AA

Во рамки на 22. собраниска седница, пратениците расправаа за Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија за 2024 година. Гласањето за извештајот ќе се одржи дополнително, откако ќе бидат исполнети техничките услови.

Извештајот, според пратениците од опозицијата, укажува на умерен напредок на државата, додека за власта тој претставува потврда на општествениот консензус за продолжување на патот кон Европската Унија.

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, го истакна фактот дека Македонија останува целосно усогласена со надворешната политика на ЕУ, што го смета за позитивен сигнал.

„Извештајот опфаќа над 120 заклучоци и препораки, и детално го анализира периодот од јуни 2023 до септември 2024. Во фокусот се правдата и борбата против корупцијата,“ рече Василевска, додавајќи дека Европската комисија бара јасни резултати од судските процеси со висок профил.

Таа додаде дека има напредок во борбата против организираниот криминал, но дека правосудниот систем и натаму е под сериозни забелешки – особено во однос на довербата и транспарентноста. Европската комисија, според неа, не гледа напредок во антикорупциската борба.

Како позитивни примери, Василевска го наведе напредокот во земјоделството, руралниот развој и регионалните политики, како и учеството на државата во Планот за раст на Западен Балкан.

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, рече дека извештајот е реален одраз на состојбата во државата и дека покажува умерен напредок со конкретни препораки.

„Во дел од поглавјата има мали подобрувања, но и сериозна стагнација во други области. Борбата против корупцијата останува предизвик, како и реформата на јавната администрација,“ изјави Трајчулески.

Тој нагласи дека Европската комисија бара поголема транспарентност, намалување на политичкото влијание и отчетност во јавниот сектор. Посочи дека правосудниот систем мора да биде независен, а новиот кривичен законик – клучен чекор кон усогласување со ЕУ стандардите.

Како позитивен пример ја истакна меѓупартиската соработка околу донесувањето на новиот Деловник на Собранието, како дел од Жан Моне процесот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
Македонија

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за

07/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ТРЕБА ДА ОДГОВАРА ЗА САБОТАЖА Сака немири во Македонија,

07/11/2026
Македонија

ТРАЈНА Е МИСИЈАТА ЗА ПОМАЛКУ ШАЛТЕРИ, ПОБРЗИ ПОСТАПКИ И ЗА

07/11/2026
Македонија

РАКОВОДИТЕЛКА НА ШТЕДИЛНИЦА ВО КАВАДАРЦИ ПРОНЕВЕРИЛА ПАРИ ОД ШТЕДАЧИТЕ Земала

07/11/2026
Македонија

РЕСТАРТ НА МКЦ Е УСЛОВ ЗА ОЖИВУВАЊЕ НА СКОПСКАТА УРБАНА

07/11/2026
Македонија

СОФИЈА НЕ ПРИФАЌА ЕВРОПСКИ МЕДИЈАТОР ВО ДИЈАЛОГОТ СО СКОПЈЕ За

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46648
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И ВО СТРУМИЦА Во Битола исплатени

07/11/2026

Денеска во филијалата на Алта банка во Битола им беа исплатени средства на 360 граѓани кои имаат платежни сметки во

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ Патриотизмот не се докажува со

07/11/2026

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата на Албанците и на СДСМ

СОСТАНОК ВО ВЛАДАТА ЗА РЕФОРМСКАТА АГЕНДА Институциите се координираат за успешни реформи

07/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека денеска се одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности и

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy