Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европски Сојуз за Промена: Патот Скопје-Блаце, потрошија 30 мил€, патот нигде!
Македонија

Европски Сојуз за Промена: Патот Скопје-Блаце, потрошија 30 мил€, патот нигде!

25/01/2024

AA

На 16 јануари 2020 година е потпишан договорот како што се гледа на фотографијата, за изградба на првите 2 километри од патот Скопје – Блаце.

Во договорот за овој проект, рокот за завршување на градежните работи е 18 месеци, додека вредноста на истиот е 14,5 милиони евра.

По 48 месеци или 4 години вредноста на проектот достигна неверојатни 30 милиони евра и до завршувањето не се знае колку ќе достигне вредноста и не се знае кога ќе заврши.

Значи, кога за 2 километри се трошат 30 милиони евра и со поминати 4 години сеуште патот не е завршен.. Сега размислете за останатите 10 километри, Прашуваме уште колку години ви се потребни за да се изгради или заврши овој пат, колку милиони евра би бил буџетот, уште колку милиони евра ќе бидат погрешно менаџирани, злоупотребени и украдени од вас?

Повикувајќи се на динамиката на оваа неуспешна и корумпирана Влада во заминување, каде 2 километри се работат 4 години и не се завршени, прашање е дали нашите деца ќе уживаат во комплетното завршување на овој пат.

Повторуваме, дека вредноста на договорот од 14,5 милиони евра во моментов надминува 30 милиони евра преку дополнителните анекс договори, затоа и јавно прашуваме:

– Зошто намерно се одолговлекува изградбата на овој пат, дали сака ДУИ пред секој изборен циклус да се промовира со ова?

– Зошто и како стигнавме до дуплирање на средствата од 14,5 милиони на 30 милиони евра и кој треба да одговара за ова?

-Дали намерно се одолговлекува завршувањето на овој проект за да се заштитат казино бизнис интересите на Кланот: Лотарија, Соравија, Евровија,…?

Но, почитувани граѓани, на ова лошо владеење, со кражби, изнуди и криминал им дојде крајот!

Овој пат, како и многу други проекти ќе се спроведат, но не од вас, вие сте веќе во заминување, а ова е најдоброто нешто што ќе им се случи на Албанците во Република Северна Македонија.

Европсиот сојуз за промени, заедно со граѓаните, еднаш засекогаш ќе му каже ДОСТА БЕШЕ на овој корумпиран, злобен и самобендисан клан!

На изборите на 8 мај конечно ќе дојде долгоочекуваната промена кај Албанците.

Интегрално соопштение од Европски Сојуз за Промена

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар

12/08/2026
Македонија

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази

12/08/2026
Македонија

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и

12/08/2026
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44975
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

86 годишен татко и неговиот 60 годишен син од Гостивар приведени откако се обиделе да

12/08/2026

Полициски службеници во Гостивар вчера околу 13:30 часот го лишиле од слобода 86-годишниот Т.С. и неговиот 60-годишен син М.С. од

Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел

12/08/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) и Центарот за јавно здравје Скопје официјално прогласија епидемија на Западнонилска треска во повеќе општини

Доаѓа невреме во Македонија проследено со пороен дожд, грмежи и локално невреме

12/08/2026

Утре и во петок наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy