
ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ЈА ПОМЕСТУВА СТАРОСНАТА ГРАНИЦА ЗА ПЕНЗИЈА: Ќе се оди на 70 години, го усвоија законот
Данска ќе има највисока возраст за пензионирање во Европа
откако парламентот усвои закон со кој таа се зголемува на 70 години до 2040
година. Новиот закон беше усвоен вчера со 81 глас „за“ и 21 глас „против“, објави
Би-Би-Си.
Возраста за пензионирање од 70 години ќе важи за сите лица
родени по 31 декември 1970 година. Од 2006 година, Данска ја поврза
официјалната возраст за пензионирање со очекуваниот животен век и ја ревидираше
на секои пет години.
Моментално таа
изнесува 67 години, но ќе се зголеми на 68 години во 2030 година и на 69
години во 2035 година.
фото: Unsplash