Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Европа потроши повеќе за енергетската отколку за пандемиската криза
Економија

Европа потроши повеќе за енергетската отколку за пандемиската криза

13/02/2023

AA

Европа од минатата есен издвоила речиси 800 милијарди евра за санација на актуелната енергетска криза, објави вчера европскиот истражувачки институт „Бригел“ со седиште во Брисел, објави порталот „Еурактив“. 

По одлуката за постепено намалување, а потоа и запирање на снабдувањето со руски енергенси, Брисел и членките на ЕУ колективно издвоија или веќе инвестираа 681 милијарда евра за заштита на домашниот пазар, економијата и домаќинствата од последиците. За истата намена заклучно со септември минатата година Велика Британија одвоила 103 милијарди евра, а Норвешка 8,1 милијарди долари. Податоците за енергетската криза во Европа за пазарот на Западен Балкан во оваа прилика не се објавени.

Во рамките на ЕУ, Германија плати најголем дел од пазарното порамнување во енергетската криза, издвојувајќи речиси 270 милијарди евра во различни форми на субвенции и стимулации. Велика Британија, Франција и Италија издвоиле по околу 150 милијарди евра.

Иако тековната зима во Европа беше главно блага, трошоците за санација на енергетската криза значително се зголемија од ноември 2022 година до сега, од 706 милијарди евра тогаш, на околу 792 милијарди сега.

Како што сега стојат работите, енергетската криза ја чинеше Европа повеќе отколку што имаше намера да потроши Брисел во борбата против пандемијата на корона во 2020 година. Имено, за борба со короната, ЕУ своевремено формираше паричен фонд „тежок“ 750 милијарди евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026
Македонија

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026
Македонија

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој

13/08/2026
Македонија

МНР: Нема официјална бројка за евакуирани македонски државјани од пожарите

13/08/2026
Македонија

Ангелов: Спречена е голема катастрофа во село Лознани, но опасноста

13/08/2026
Македонија

Полицијата со детали: 13 лица споделувале лажни вести за водата

13/08/2026
Македонија

Секој плаќа за себе: Wolt ја воведе функцијата Split Payments

13/08/2026
Македонија

АЛАРМАНТЕН ПОРАСТ: Регистрирани 26 случаи на Западно-нилска треска – ова

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45010
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Од Охридско езеро извлечено тело на 46-годишен маж од Грузија

13/08/2026

На 12.08.2026 во 14:32 часот во СВР Охрид е пријавено дека од водите на Охридско езеро, кај Пештани, било извлечено

Скопјанец си го пронашол починат сопствениот син!

13/08/2026

Денеска (13.08.2026) во 12:02 часот во СВР Скопје, А.А.(71) од Скопје пријави дека околу 09:00 часот во семејниот дом го

Трагедија во Аеродром: Работник почина откако го прегазил виљушкар кој сам се придвижил

13/08/2026

На 12.08.2026 околу 12:25 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош е пријавено дека во круг на фирма на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy