Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија
Регион

ЕВРО ДА, АМА СО РЕФЕРЕНДУМ: Радев за воведување евро во Бугарија

11/06/2025

AA

Немањето општествен консензус во Бугарија не е поврзано со европскиот пат на земјата, туку со прашањето дали земјата е подготвена да го воведе еврото во 2026 година, изјави бугарскиот претседател Румен Радев во интервју за Си-ен-ен.

Во разговор со новинарот Ричард Квест, по учеството на Меѓународниот инвестициски форум во Ташкент, Радев истакна дека воведувањето на еврото на среден и долг рок би донело економски придобивки, но нагласи дека недостигот од општествена согласност го доведува во прашање овој процес, пренесува БТА.

– Можеби сум старомоден, но силно верувам во демократијата, рече Радев, одговарајќи на прашање дали сè уште поддржува референдум за воведување на еврото во 2026 година. Тој потенцира дека референдумот е неопходен за да се провери подготвеноста на Бугарија за влез во еврозоната, додавајќи дека без демократски процес „целата социјална конструкција е осудена на пропаст“. Според него, референдумот би го зајакнал легитимитетот на процесот и довербата во институциите, особено по седумте парламентарни избори во последните четири години, кои резултираа со пад на довербата во државните институции.

На прашањето дали инсистирањето на премиерот за брзо присоединување кон еврозоната, наспроти неговото барање за референдум, би можело да предизвика уставна криза, Радев одговори дека таква криза не е можна. Сепак, тој предупреди дека ваквиот пристап би можел да го наруши општествениот договор меѓу владата и граѓаните и да ја намали довербата во институциите.

Радев истакна дека позитивните извештаи од Европската комисија и Европската централна банка за Бугарија се резултат на долгогодишна конзервативна фискална политика и жртви на граѓаните. Тој додаде дека динамичните промени во Европската Унија, вклучително и Брегзит, покажуваат дека референдумите остануваат релевантни, посочувајќи дека 18 од 27 земји-членки на ЕУ одржале референдуми за нивното членство.

Коментирајќи ги санкциите на ЕУ против Русија поради војната во Украина, Радев рече дека тие главно и одат на рака на Кина, која профитира од евтини руски енергенси, воени технологии и пристап до рускиот пазар. Тој изрази загриженост дека санкциите ја зајакнуваат врската меѓу Русија и Кина, додека европските компании го губат пазарот во Русија.

За војната во Украина, Радев истакна дека меѓународната заедница се соочува со тешка дилема: или да се прифати освојувањето територии со сила, или да се испратат НАТО трупи, што би можело да доведе до трета светска војна со катастрофални последици. Тој ја поддржа иницијативата на новата американска администрација за мировен процес меѓу Русија и Украина, изразувајќи разочарување од недостигот на поддршка од некои европски лидери за мировните напори на американскиот претседател Доналд Трамп.

На Меѓународниот инвестициски форум во Ташкент, Радев нагласи дека соработката со Централна Азија е сè поважна за ЕУ, а Бугарија игра клучна улога во обезбедувањето транспортна, енергетска и дигитална поврзаност. Тој посочи дека модерните пристаништа во Варна и Бургас, како и прометната копнена граница, ја позиционираат Бугарија како влезна точка од Азија кон Европа.

Одговарајќи на прашање за состојбата во САД, вклучително немирите во Лос Анџелес и предизвиците во Врховниот суд, Радев рече дека Бугарија има доволно свои проблеми и очекува САД да останат фактор на стабилност и демократија во светот.

Радев учествуваше на форумот во Ташкент заедно со узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев и словачкиот премиер Роберт Фицо, во рамки на официјалната посета на Узбекистан, а претходно беше во посета на Казахстан. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5

11/04/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5,

11/04/2026
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42377
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА ПАЃААТ Дизелот ќе се намали за 2,5 денари, бензините за 1,5 денари,

11/04/2026

Дизелот ќе поевтини за 2,5 денари за литар, а бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 за 1,5 денари, најави денеска

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило – 10 возеле без дозвола, а двајца под

11/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи за безобѕирно управување

Мицкоски најави поевтинување на горивата пред Велигден: Бензинот под 1,5, а дизелот под 2,5 денари

11/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска соопшти дека Владата очекува значително намалување на цените на горивата. Според направените анализи на енергетските пазари

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy