Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕВН ќе наплаќа помалку од големите згради, заедничките броила само во трет блок
Економија

ЕВН ќе наплаќа помалку од големите згради, заедничките броила само во трет блок

14/02/2024

AA

Заедниците на станари и управителите на колективните домувања од оваа година може да плаќаат помалку за струја, бидејќи заедничкото броило од зградите „ќе наплаќа“ електрична енергија по тарифа само од третиот блок.

Според новиот тарифен систем за продажба на електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач, ЕВН Хоме ќе може да наплаќа само според третата тарифа, односно потрошувачката нема да навлегува во скапиот четврт блок како кај домаќинствата и малите потрошувачи на регулираниот пазар.

Од Регулаторната комисија за енергетика, според првичните проекции кои ги имаат направено, велат дека со промената на тарифникот, некои станбени колективи ќе заштедат и до 50 отсто на заедничките фактури.

– Разликата во сумата варира во зависност од број на станбени единици во рамки на повеќестанбените објекти како и периодот за кој се однесува пресметката од аспект на годишно време и од аспект на моментално применливите тарифи за секој од блоковите. Кај повеќестанбените објекти со поголем број на станбени единици примената за третиот блок придонесува за намалување на надоместокот и за над 50 проценти. Заштедите се поголеми и кај оние повеќестанбените објекти кои во зимскиот период имаат трошок за електрична енергија и за топлински станици, ни рекоа од РКЕ на прашањето што им го испративме.

За граѓаните ова ќе биде добредојдено, бидејќи енергетската криза често за нив значеше и големо намалување на заендичкит фонд за инвестиции во зградите во кои што стануваат.

– Често знае да се случи да платиме само за електрична енергија и за хигиеничарка, а при тоа не остануваше ништо за да се доуреди, оплемени во зградата како што беше порано. Ќе треба да ја зголемиме наплатата за одржување, но тоа ќе биде непопуларна мерка, се пожали член на станбена заедница која е управувана од куќен совет.

Од регулаторот велат дека една од позитивните работи на антикризните мерки е и воведувањето на блок-тарифите, бидејќи до нив биле доставувани голем голем број
претставки за високата наплата за  повеќестанбените објекти. 

– Имајќи во предвид дека потрошувачката на
енергија наменета за заедничка потрошувачка е значително поголема од онаа на
едно домаќинство, како и неможноста да се влијае во голема мера на навиките на
потрошувачите при употребата на 
електричната енергија за заедничка потрошувачка  ја направивме соодветна измена во Тарифниот
систем.
Ваквата реформа значи поевтинување на надоместокот за таканаречената
заедничка потрошувачка за најголемиот дел од станбените згради,
сметаат од РКЕ и додаваат дека најголем дел
од  повеќестанбените објекти влегуваат во
четвртиот блок, а со исклучок од ова правило се само градбите со мал број
на станбени единици кои не користат лифт, немаат топлински станици, и слични
уреди
кои ја зголемуваат потрошувачката на електрична енергија.

За ова го исконтактиравме и ЕВН Хоме како универзален снабдувач, од каде ни потврдија дека е променет начинот на наплата, но им порачуваат на управителите дека тоа треба да го пријават.

– Се спроведува доколку самиот станбен управител поднесе барање за промена на мерниот уред, бидејќи ние немаме евиденција кој мерен уред за што служи. Во тој случај ќе се прави промената при извршен увид на терен од службите на Електродистрибуција. Досега заедничката потрошувачка се третираше како домаќинство, порачуваат од ЕВН Хоме.

Во тарифникот на РКЕ во еден од членовите пишува дека заедничкото броило ја опфаќа потрошувачката на „лифтови, котларници и топлотни станици за централно затоплување, хидрофори, противпожарни и
уреди за откривање и јавување на пожар, заеднички антени, безбедносно осветлување и слични
уреди коишто користат електрична енергија, а се наменети за заеднички потреби, како и хидрофори
кои се користат за снабдување на домаќинства со вода за пиење, осветление на скали,
влезни
ветробрани, ходници, простории за велосипеди, пералници, сушилници, заеднички подруми,
засолништа, тавани, станови и работилници за домарите, стан за домарот, простории за
одложување на отпадоци и други простории наменети за заедничко користење на сопствениците на
становите во повеќестанбените објекти, хидрофори кои се користат за снабдување на домаќинства
со вода за пиење, кај енергетски ефикасни системи кои истовремено обезбедуваат греење, ладење,
вентилација и санитарна топла вода во повеќестанбени објекти при што потрошувачката на
електричната енергија за тие системи се регистрира на едно заедничко броило“.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
Македонија

ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС

22/10/2026
Македонија

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА! Мицкоски пред

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46326
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СИ ЗАМИНЕ На СДСМ му

22/10/2026

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да застане на чело на СДСМ, но смета дека во овој момент не треба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy