
Евертон пред нова казна – пак ќе му одземат бодови!?
Британските медиуми тврдат дека компанијата „777 Партнерс“ е известена од Премиер лигата дека до крајот на годината нема да биде дозволено преземање на клубот. Тоа, потенцијално, доведува до ситуација, идниот месец Евертон да влезе во процедура за прогласување стечај.
Клубот од Ливерпул веќе добил позајмица од 100 милиони фунти од компанијата која се обидува да го купи, со цел да се покријат оперативните трошоци, но „777 Партнерс“ нема намера дополнително да вложува пред процесот за преземање да биде завршен. На Евертон за редовните месечни трошоци му се потребни 20 милиони фунти, а тоа е повеќе од приходите кои Евертон ги има што, според правилата, води во стечај.
Ако Евертон не успее да го избегне тоа, ќе му бидат одземени уште девет бода, покрај оние 10 кои ги загуби минатиот месец. Во таков случај, Евертон би останал на само четири бода и пак ќе се врати во зоната за испаѓање од каде излезе неодамна.
