Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?
Економија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

25/11/2024

AA

Убедливо најголем нето извозник меѓу македонските котирани компании е скопски „Алкалоид“. Од големите производствени компании во големото друштво на извозници се „Макстил“ и „Либерти“, „Вабтек“, најголемата македонска винарија “Тиквеш“, „најголемата прехранбено-кондиторска индустрија „Витаминка“, а од Прилеп на листата секако дека не може без Мермерниот комбинат. Од скопските компании чии акции се котирани на берзата тука се и „Усје“ и „Реплек“.

Наша постојана економска болка е трговскиот дефицит и веќе некако и научивме да живее со тоа. Но Македонија има и своја не толку голема, но одбрана група компании кои се економски патриоти во вистинска смисла на зборот. Затоа што со сите сили и ресурси помагаат да се крепи и одржува конвертибилноста односно вредноста на нашата државна валута – денарот.

А тука особено мислиме на компаниите кои произведуваат дома, користат сопствени ресурси, суровини и полупроизводи, ангажираат домашни стручњаци и наша работна сила на светот му продаваат македонски продукти за кои светот плаќа во конвертибилна валута.

Што повеќе имаме вакви компании кои продуцираат поголем извоз тоа подобар ќе биде и нашиот животен стандард.

Берзата е барометар на секоја економија, па така и Македонската берза е барометар на нашите економски текови. Во оваа анализа, врз основа на најновите економски податоци на нашите друштва чии акции котираат на берза, правиме пресек на најголемите извозни компании. Секако според расположливите офиијални податоци кои ги објавија токму овие компании.

Прва на листата според обемот на извоз е ОКТА, поранешна скопска рафинерија, и сега најголема компанија за трговија на големо со нафтени деривати. За првите девет месеци ОКТА продала во странство дизел, ТНГ, керозин и бензини во вредност од 183,3 милиони евра. Тоа се всушност деривати кои ОКТА ги увезла од матичната компанија во Грција и ги извезува на косовскиот пазар.

Реално и објективно, најголем македонски извозник кој сам креира додадена вредност е скопскиот фармацевтски гигант „Алкалоид“. Македонската фармацевтска гордост за првите девет месеци годинава има извоз вреден 158 милиони евра. И тоа е сопствено производство на „Алкалоид“ пласирани на повеќе од 40 пазари ширум светот. Вредно е да се истакне и тоа дека во структурата на продажби на „Алкалоид“ доминира извозот односно учествува со 66 отсто во вкупната продажба. Во однос на истиот период лани годинава извозот на „Алкалоид“ пораснал за 12 отсто.

Трет најголем извозник од Македонија, според берзанските податоци, е челичарницата „Макстил“. Оваа компанија, во доминантна странска сопственост, користејќи домашни ресурси во комбинација со странска суровина, за првите девет извезла продукти вредни 93,4 милиони евра. Извозот на „Макстил“ е 99 отсто од целото производство.

Следен на листата најголеми извозници, очекувано, е другиот голем производител од поранешниот скопски железарски комплекс. Станува збор за „Либерти“. Нивниот извоз за период од девет месеци изнесува 53,7 милиони евра. Извозот на оваа компанија во споредба со лани е намален за 8 отсто.

Петти на листата најголеми извозници е странската инвестиција Вабтек (дел од поранешно МЗТ) која е специјализирана за производство на сопирачки за шински возила (т.е. вагони и локомотиви). Овој гигант во светот на возовите во својата македонска филијала произвел и извезол системи за кочење вредни 34,5 милиони евра. Вреди да се каже дека кај оваа компанија речиси целото производство оди во извоз. И да се додаде дека вредноста на извозот годинава пораснала за 22 отсто

Во десет најголеми извозници чии акции се тргуваат на нашата берза, е очекувано скопската цементарница „Усје“. Извозот на цементарата која е дел од “Титан“ најголемиот производител на цемент и градежни материјали во Југоисточна Европа изнесува 25 милиони евра за девет месеци.

Најголемиот македонски производител на вино ВВ „Тиквеш“ е на листата на десет најголеми извозници чии акции се котирани на нашата берза. Во првите девет месеци годинава нивниот извоз изнесува 24,3 милиони евра и што е многу значајно во споредба со истиот период лани е зголемен за 24 отсто.

Очекувано, еден од десетте најголеми нето извозници меѓу берзанските компании, е прилепскиот Мермерен комбинат. Годинава за девет месеци извозот изнесува 22,5 милиони евра што е 100 отсто од целото производство на овој вреден природен продукт. Извозот на оваа компанија е зголемен за 13 отсто.

Меѓу најголемите македонски извозници е и најголемата македонска прехранбено – кондиторска индустрија „Витаминка“ од Прилеп. Нејзиниот извоз годинава изнесува 16,9 милиони евра и учествува со 40 отсто во вкупната продажба на компанијата. Извозот годинава пораснал за 3 отсто.

Скопски „Реплек“ е во групата на најголеми извозници. За девет месеци надвор пласирал стоки вредни 16,7 милиони евра. „Реплек“ може да се пофали дека 75 отсто од целата продажба е од извоз и дека извозот годинава во однос на претходната година пораснал за 17 отсто.

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Нов пожар кај Штип: Гори борова шума меѓу Долани и

14/06/2026
Македонија

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17

14/06/2026
Македонија

МојДДВ не работи

14/06/2026
Македонија

Али Ахмети најави повлекување од ДУИ

14/06/2026
Македонија

Ахмети најави повлекување: Нема да останам цел живот претседател на

13/06/2026
Македонија

Јакимовски тврди дека пресудата сѐ уште не му е врачена,

13/06/2026
Македонија

Проблеми со апликацијата „Мој ДДВ“: Корисниците не можат да скенираат

13/06/2026
Македонија

Едно лице приведено од вкупно шест пријави за семејно насилство

13/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43750
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Нов пожар кај Штип: Гори борова шума меѓу Долани и Љуботен, едно лице повредено

14/06/2026

Голем пожар денеска го зафати теренот помеѓу штипските села Долани и Љуботен. Екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) – Штип

Мицкоски: Реконструкција на Владата по роденденот на партијата на 17 јуни

14/06/2026

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека разговорите за реконструкција на Владата ќе почнат по одбележувањето на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ на 17

МојДДВ не работи

14/06/2026

Апликацијата „МојДДВ“ веќе трет ден се соочува со проблеми во функционирањето. Корисниците известуваат дека не можат да ги скенираат своите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy