
ЕСМ: Опожарениот топловод на мостот Беласица ќе биде отстранет во најкраток рок
ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе го отстрани опожарениот топловод на
мостот Беласица во најкраток можен рок, соопштуваат од компанијата.
– Почетокот на
активностите за санација на опожарениот топловод е поврзан со завршување на
сите дејствија и проверки на состојбата на мостот од страна на вклучените
релевантни институции и компании.
ЕСМ Дистрибуција на
топлина ќе вложи максимални напори отстранувањето на опожарениот топловод на
мостот да се заврши во најкраток можен рок – додаваат во соопштението.
Од ЕСМ потенцираат дека „и покрај
опожарувањето на мостот Беласица, во следната грејна сезона која почнува во
октомври 2023 ќе има сигурна и непрекината испорака на топлинска енергија до
сите потрошувачи приклучени на дистрибутивната мрежа“.


