Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕСМ ќе ја складира струјата, ќе гради батериски систем
Економија

ЕСМ ќе ја складира струјата, ќе гради батериски систем

12/06/2025

AA

Со новиот Закон за енергетика ќе биде потребно 20 отсто од инсталираната моќност на произведувачите на струја , односно од фотоцентралите и другите извори на обновливи извори на енергија, во иднина да се складира во батерисики сиситеми, а тоа како обврска да го изгради ќе има и државното електростопанство.

АД ЕСМ во координација со АД МЕПСО и со Министерството за енергетика е во процедура за добивање заем за „Систем за батериско складирање на електричната енергија“ кај Европската банка за обнова и развој како меѓународен кредитор. Прво ќе треба да се изработи проектот, а потоа да се пронајде и изведувач на јавен повик.

Со складирањето ЕСМ ќе може евтината попладневна електрична енергија да ја зачува, а по неколу часа да ја продаде кога цените ќе бидат значително повисоки. Оваа струја би се продавала преку фирмата-ќерка ЕСМ продажба.

– Ние како МЕПСО само ќе менаџираме со тој батериски систем во делот на балансирањето кога ќе треба да се израмни побарувачката со производството на електрична енергија, а се друго ќе биде за продажба, а тоа ќе го прави ЕСМ, ни изјави Александар Пауноски, заменик-директорот на МЕПСО.

Надлежните спасот го бараат во батериски системи за складирање на вишокот произведена струја. Македонија поттикнуваше поставување фотоволтаици и сега доживува „бум“ со производство на струја од обновливи извори на енергија, коишто мрежата не може целосно да ги прифати. Новата легислатива треба да овозможи да се продаде целокупната произведена електрична енергија.

Секој инвеститор  што ќе изгради батериски систем, односно таканаречениот „сториџи“, ќе учествува на пазарот како оператор на складиште и ќе може да купува и продава електрична енергија. 

Претходно од енергетската aсоцијација реагираа дека големата инсталирана моќност на електрани од обновливи извори на енергија може да предизвика штета на преносниот систем и мрежа. Од Асоцијацијата побараa да биде законски регулирана струјата што се произведува од многуте фотонапонски централи кои  што се градат и допрва ќе се градат, со складирање на електричната енергија во таканаречени „сториџи“. Инсталирањето на батерии кај електраните ќе им овозможи на инвеститорите да продаваат електрична енергија и во периодите кога побарувачката е помала од понудата со што ќе имаат многу подобар пазарен продукт и на тој начин нема да имаат загуби од нивното инсталирање. 

Во последните години интересот за изградба на нови објекти за производство на електрична енергија енормно се зголеми што доведува до ситуација на непланско градење и на проблеми на инвеститорите со обезбедувањето на приклучок на мрежа, продажба на електричната енергија и воопшто со балансирањето на електроенергетскиот систем.

Со измените на важечкот Закон за енергетика за прв пат се регулираше дејноста складирање на енергија, но се поголемиот интерес за инвестирање во складишта на енергија, ја наметна потребата попрецизно да се регулираат прашањата кој, кога и како може да користи складиште.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy