Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЌЕРКАТА НА СВЕТО ЈАНЕВСКИ, ДРАГАНА, ПО САМО ТРИ МЕСЕЦИ ОД НАЗНАЧУВАЊЕТО, Е ОТПОВИКАНА – повеќе нема да биде членка на Одборот на директори на „Тиквеш“
Економија

ЌЕРКАТА НА СВЕТО ЈАНЕВСКИ, ДРАГАНА, ПО САМО ТРИ МЕСЕЦИ ОД НАЗНАЧУВАЊЕТО, Е ОТПОВИКАНА – повеќе нема да биде членка на Одборот на директори на „Тиквеш“

09/07/2024

AA

После само три месеци откако стана членка на Управниот одбор на винарската визба „Тиквеш“, Драгана Јаневска, ќерка на Светозар Јаневски, поверќе нема да биде на таа позиција. 

За тоа извести компанијата преку ценовно чувствителна информација испратена до инвеститорската јавност преку Македонската берза. 

„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување: По Одлука од седница на Надзорен Одбор отповикани се двајца членови на Управниот одбор на Акционерско друштво за производство и промет на вино Винарска визба -Тиквеш експорт–импорт АД-Кавадарци и тоа Љупчо Крстевски и Драгана Јаневска“, се вели во кусата објава како ценовно чувствителна информација. 

Инаку, како што веќе пишуваше Фактор, во првата половина на април оваа година, двете деца на Светозар Јаневски, Драгана Јаневска и Јане Јаневски, станаа директори во успешната компанија која ја создаде овој познат бизнисмен, винарската визба „Тиквеш“.

Тоа беше објавено на Централниот регистер, а се наведе дека како одлука е донесено од Управниот одбор на компанијата на 29 март оваа година.

Па така, Драгана Јаневска, ќерка на Светозар, која е магистер по сајнс маркетинг, стана членка на Одборот на директори на АД „Тиквеш“ Кавадарци, а исто така член во Одборот на директори стана и Јане Јаневски, еден од двата сина на Светозар, кој е дипломиран економист, како што е наведено во Централниот регистер.

Додека, пак, член на Управниот одбор тогаш престана да биде Џон Кирил Јоновски, со потекло од Австралија, кој своевремено имаше купено и одредена количина акции од оваа успешна компанија.

Мнозински и доминантен сопственик на ВВ Тиквеш Кавадарци е трговското друштво за инжинеринг и услуги во прометот М-6 ДОО Скопје, кое поседува 80,8 отсто проценти од Тиквеш. Оваа компанија има и други акционери, но никој од нив нема пакет од над 5 отсто. Всушност, компанијата има уште 434 акционери домашни физички лица, кои вкупно поседуваат 14,32 отсто од акциите на визбата, и уште девет фирми акционери, кои располагаат со вкупно 6,36 проценти од акциите на компанијата.

Е сега, во М-6 ДОО, пак, доминантен сопственик е фирмата М-6 ЕДЕН ДОО, која поседува 92 отсто од М-6, додека преостанатите 8 отсто во М-6 ги поседува Милан Ивановски.

Додека, пак, М-6 ЕДЕН ДОО има тројца сопственици и сите тие поседуваат по една третина, односно по 33,33 проценти од акциите, а тоа се децата на бизнисменот Светозар Јаневски, односно Драгана Јаневска, Кирило Јаневски, и Јане Јаневски, како и Светозар Јаневски, за кого е наведено дека на друг начин остварува контрола на правното лице.

Н.Н.Ф.

Фото: Фејсбук

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САКАЛ ДА КУПИ „АУДИ А5“ ОД ГЕРМАНИЈА, НО БИЛ ИЗМАМЕН

11/11/2026
Македонија

РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по

11/11/2026
Македонија

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа

11/11/2026
Македонија

СО УРЕД ОД ЦРНИОТ ПАЗАР КРАДЕЛЕ СТРУЈА ВО КАЗИНО Штетата

11/11/2026
Македонија

ЕГИПЕТ СТАВИ ОРГАНИЗАЦИЈА ОД МАКЕДОНИЈА НА СПИСОК ЗА ТЕРОРИЗАМ Суд

11/11/2026
Македонија

АВМУ РЕАГИРА ПО ЗАКАНИТЕ КОН НОВИНАРКАТА МИЛКА СМИЛЕВСКА НА ФЕЈСБУК

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА СПРОВЕЛА СЛУЖБЕН РАЗГОВОР НА ГРАНИЦА СО БАБАТА НА ИВА

10/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46715
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САКАЛ ДА КУПИ „АУДИ А5“ ОД ГЕРМАНИЈА, НО БИЛ ИЗМАМЕН Тетовец уплатил 6.800 евра на

11/11/2026

26-годишен жител на тетовско останал без 6.800 евра во обид да купи автомобил преку германска интернет-страница за продажба на возила.

РЕЧИСИ ЦЕЛ МЕСЕЦ НЕМА ТРАГА ОД ИСЧЕЗНАТИОТ ГОСТИВАРЕЦ Потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани не даде

11/11/2026

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот Шемо Шабани од Гостивар, кој на 13 октомври излегол од својот дом и

ФЛОРА КАДРИУ НА ЧЕЛО НА КОМИСИЈАТА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Наташа Амдиу е избрана за нејзина

11/11/2026

Флора Кадриу е избрана за нова претседателка на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Таа ја презеде функцијата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy