Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Ќерка ми ја уби несоодветната терапија, а не канцерот“: Потресно сведочење на мајка на почината пациентка
Македонија

„Ќерка ми ја уби несоодветната терапија, а не канцерот“: Потресно сведочење на мајка на почината пациентка

10/09/2025

AA

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, Нино Васев, и двајца онколози, обвинети за несовесно лекување на пациенти.

На клупата за сведоци застана Јулија Мациевска, мајката на починатата Адријана Начевска, која пред судот раскажа низ што поминала нејзината ќерка за време на лекувањето. Таа изјави дека уште од почетокот на имунотерапиите состојбата на Адријана се влошувала, иако претходно успеала да ги преброди хемотерапиите.

„На мојата ќерка никогаш не ѝ беше измерена телесната тежина. Алармирав за нејзината состојба, но добивав одговор дека тоа е нормално и ќе помине. Со секоја нова имунотерапија, симптомите беа сè поизразени“, сведочеше Мациевска, додавајќи дека довербата кон Васев и неговите колеги на почетокот била голема, но со текот на времето ја изгубиле.

Таа пред судот изјави дека ќерката не починала од рак, туку дека, како што рече, „ја убиле со хемии“.

Адвокатот на Васев, Никола Ставрев, пак, изјави дека сведочењата се наведени од Обвинителството и дека медицинските докази се проблематични. „Станува збор за вештачење направено во Словенија од лице кое не е квалификувано за ваква постапка“, рече Ставрев.

Дел од обвинетите и понатаму ја негираат вината. Васев и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски на претходното рочиште изјавија дека се работи за „заговор“ и најавија дека ќе ги оспорат сите докази на Обвинителството.

Судскиот процес, кој го води судијката Снежана Марковска, се однесува на обвинувања за несовесно лекување и примена на неподобни терапии кај 29 пациенти, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на нивната здравствена состојба.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy