Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ердоган вели уште не можат позитивно да гледаат на членството на Шведска во НАТО
Македонија

Ердоган вели уште не можат позитивно да гледаат на членството на Шведска во НАТО

19/05/2023

AA

Засега не можеме позитивно да гледаме на членството на Шведска во НАТО, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен.

Турција, која ја има втората по големина армија во НАТО, го блокираше членството на Стокхолм во Алијансата, обвинувајќи го дека дава засолниште на борци од забранетата Курдиска работничка партија (ПКК).

– Сè додека шведските власти продолжуваат да дозволуваат поединци поврзани со терористички групи слободно да шетаат во Шведска, не можеме да гледаме позитивно на членството на оваа земја во НАТО, рече Ердоган. – Во моментов не сме подготвени за Шведска, бидејќи земја-членка на НАТО мора да има цврст став кога станува збор за борбата против тероризмот, потенцира турскиот претседател.

Шведска ги одби повторените барања на Турција за екстрадиција на луѓе кои ги смета за терористи, тврдејќи дека за ова прашање може да решаваат само шведските судови.

По ратификацијата во турскиот парламент, Финска официјално се приклучи на Алијансата на 4 април, но Турција се уште не дава „зелено светло“ за членството на Шведска. Според Анкара, Стокхолм мора да преземе поконкретни чекори во борбата против тероризмот за да биде примен во НАТО.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА НА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“: Да бидеме како Јапонците

08/05/2026
Македонија

Николоски: Автопатот Кичево-Охрид е најевтин во државата, но лошото планирање

08/05/2026
Македонија

Николоски за новата влада во Бугарија: Не би сакал да

08/05/2026
Македонија

Владата набавува 150 електрични автобуси: Николоски најави модернизација на јавниот

08/05/2026
Македонија

Николоски: Увозот на работна сила е неминовен за спас на

08/05/2026
Македонија

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола ќе го скрати патувањето до

08/05/2026
Македонија

Николоски: Брза железница до 200 км/час е мојот „животен проект“

08/05/2026
Македонија

Николоски најави пет нови авиолинии од јуни: Македонија станува регионален

08/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43169
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy