
Џенова се враќа со бод од гостувањето кај Калјари
Виола по само 18 минута погоди за предност на Калјари, по што Џенова не се закани посериозно кон голот на домаќините и резултатот остана непроменет до крајот на првиот дел.
Џенова, сепак, на почетокот на второто полувреме преку Корне ги шокира домаќините и стрелаше за 1-1.
Калјари остана на 15. место со 26 бодови, додека Џенова има 32 поени на 12. позиција во калчолигата.

