
Енормно загадување на воздухот во Лисиче, Струмица, Кичево…
Вечерва Лисиче и Струмица дишат енормно загаден воздух. Измерени се 432 mg/m3, односно 401 mg/m3 што значи 7 пати зголемување на ПМ10 честичките во воздухот од дозволеното ниво (50мг/м3).
По нив следува и Кичево со 394 mg/m3.
Нешто подобар воздух, но не и почист дишат граѓаните на Карпош 269 mg/m3, Гази Баба 222 mg/m3, и Центар 189 mg/m3.

