Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “
Економија

„Енергетската заедница го поздрави новиот Закон за енергетика: Значајна пресвртница, Македонија е на пат кон европскиот енергетски пазар “

17/05/2025

AA

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини изразува
благодарност за официјалната поддршка од Секретаријатот на Енергетската
заедница по повод усвојувањето на новиот Закон за енергетика во Собранието на
Република Македонија. Оваа поддршка од европските партнери е силна потврда за
посветеноста на нашата држава кон европските енергетски стандарди и интеграција
во заедничкиот пазар на ЕУ.

Во своето соопштение, директорот на Секретаријатот на Енергетската
заедница, Артур Лорковски, истакна дека донесувањето на овој закон претставува
„значајна пресвртница на патот на земјата кон целосна интеграција во европскиот
енергетски пазар“. Лорковски нагласи дека новата правна рамка отвора пат за
интеграција на македонскиот електроенергетски пазар, особено преку негово
поврзување со европскиот ден однапред и интрадеј пазар (SDAC/SIDC).

„Усвојувањето на овој закон ја потврдува силната заложба на Македонија
за европска енергетска интеграција. Очекуваме следните чекори – од целосна
усогласеност до унапредување на безбедноста на системот и приклучување кон
заедничкиот пазар на ЕУ“, изјави Лорковски.

Новиот Закон за енергетика е резултат на посветената работа на домашни
експерти од Министерството. Законот е изработен преку инклузивен и
транспарентен процес, во кој беа вклучени сите релевантни чинители, вклучително
и енергетските компании, регулаторните тела, граѓанските организации и
академската заедница. Овој пристап овозможи создавање на правна рамка што не
само што е усогласена со директивите на ЕУ, туку и ги зема предвид локалните
специфики и потреби на македонскиот енергетски сектор.

Министерството ја оценува поддршката од Енергетската заедница како
признание за квалитетот на законското решение и неговата усогласеност со
европските стандарди. Оваа правна рамка обезбедува темел за понатамошен развој
на пазарот, зголемена регионална соработка и поефикасно, сигурно и одржливо
снабдување со електрична енергија за сите граѓани и бизниси во земјата.

Во следниот период, Министерството ќе продолжи
со тесна соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница за да се обезбеди
целосна имплементација на законот и навремена верификација на усогласеноста.
Нашата крајна цел останува целосно учество на Македонија во европскиот
енергетски пазар, што ќе донесе економски придобивки, енергетска стабилност и
позелена иднина за сите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42399
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно

12/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики до актуелната власт,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy