Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Енергетска заедница: Македонија со убедливо најголемо поскапување на струјата во 2022
Економија

Енергетска заедница: Македонија со убедливо најголемо поскапување на струјата во 2022

17/10/2023

AA

Секретаријатот на Енергетската заедница, најрелевантното тело на ЕУ за енергетски прашања, во својот извештај ја прогласи Македонија за најголем поскапувач на електрична енергија минатата година од сите земји кои претендираат да станат членки на Европската унија. 

Нашата земја доживеала убедливо најголем пораст во просек на цената на електричната енергија во 2022 од сите други кандидати – Србија, Албанија, БИХ, Косово, Црна Гора, Украина, Грузија и Молдавија.

Цената во Македонија во просек се зголемила за 162 отсто, мислејќи тука и на таа на слободниот пазар, додека на второто место е Молдавија со поскапување на струјата за 135 проценти на годишно ниво.

– Само Косово значително го ублажи зголемувањето на цената за крајните корисници со намалување на даноците и давачките, што беше еден од главните политички инструменти и во ЕУ. Сепак, просечните цени на крајните корисници се сè уште пониски отколку во ЕУ-27 земјите, речиси два пати помали за индустријата и три пати за домаќинствата, забележува Секретаријатот

Од засега необјасниви причини, кај Македонија има огромно отстапување во цената на слободниот, односно либерализираниот пазар. Тука Македонија имала цена помеѓу 0,35 и 0,4 евра  по киловатчас. Тоа е голем ценовен шок за индустријата, која само една година претходно плаќала помалку од 0,15 евра за електрична енергија.

Овде Македонија е убедлив „шампион“, затоа што втората земја со највисока цена на слободниот пазар била Молдавија со 0,18 евра по киловатчас за индустријата, инаку многу помалку од Македонија. Кај останатите земји не ни имало толкави шокови, односно нагли ценовни промени.

Кај Македонија во однос на другите земји нема големи отстапувања кај категоријата домаќинства и мали потрошувачи на регулиран пазар. Кај овие корисници цената била 0,1 евро од киловатчас во 2022. Сепак има зголемување за некаде околу 16-17 проценти за една година.

Порастот на цените предизвикал пад на потрошувачката на струја и кај домаќинствата и кај индустријата во Македонија. Потрошувачката кај домаќинствата опаднала за 7-8 отсто, а поголем минус имало само во Албанија во оваа категорија. Што е поважно, и кај индустријата имало пад на конзумот во Македонија и тоа за околу 13-14 проценти, а тука единствено Црна Гора била повеќе погодена од нас.

„Вкупно е намалена потрошувачката на индустриските капацитети во Црна Гора, Северна Македонија и Молдавија. Намалена е потрошувачката на домаќинствата во Албанија, Молдавија, Северна Македонија и Србија“, забележува Секретаријатот.

Од сите осум земји, само Македонија спровела мерки за енергетска заштита на социјално ранливите категории на граѓани.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ССМ повика на блокада пред Собранието

09/02/2026
Македонија

ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА

09/02/2026
Македонија

ДРАМА ВО БЛИЗИНА НА РУМА: Потрага по киднаперите на Даниел

09/02/2026
Македонија

ДРАМА НА ЛЕТОТ СКОПЈЕ – ПАРИЗ Поради срцеви тегоби на

09/02/2026
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
Македонија

АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41216
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ССМ повика на блокада пред Собранието

09/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави протест и блокада пред Собранието на 10 февруари 2026 година (вторник) со почеток

ЗАЕВ ЗАСТАНА ВО ОДБРАНА НА КАРТЕЛОТ ЗАШТО Е НЕГОВА ТВОРБА Медицинската марихуана е само параван

09/02/2026

„Заев, основачот на марихуана бизнисот во Македонија, не спие мирно. Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во

ДРАМА ВО БЛИЗИНА НА РУМА: Потрага по киднаперите на Даниел Кајмакоски, бегалците опколени во шума!

09/02/2026

Драматичното киднапирање на познатиот пејач Даниел Кајмакоски (43) го крена на нозе целиот безбедносен апарат во Србија. Додека полицијата интензивно

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy