
Тадиќ нема да биде единствен: Уште двајца српски фудбалери се откажуваат од репрезентацијата
Медиумите кај нашиот северен сосед тврдат дека наскоро, својата одлука за откажување од националниот тим ќе ја соопштат и Филип Костиќ и Немања Гудељ кои последните години беа меѓу најстандардните.
„Незадоволство меѓу фудбалерите тлее уште од Катар кога на површина испливаа многу работи што се прикриваа со големата победа во Лисабон против Португалија. Се кулминираше на Европското првенство кога многу фудбалери пресекоа дека ако Пикси остане селектор, тие нема да играат за репрезентацијата“, тврдат медиумите.
И Костиќ и Гудељ имаат по 64 одиграни натпревари, а во репрезентацијата се веќе десет години. Костиќ се повреди уште во првото коло од Европското првенство, против Англија и повеќе не заигра, додека Гудељ беше стартер против Англија и Данска, а против Словенија не играше.