Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Коцевски со прв коментар за изгласаната недоверба од Собранието – ќе поднесе ли оставка?
Македонија

Коцевски со прв коментар за изгласаната недоверба од Собранието – ќе поднесе ли оставка?

30/07/2025

AA

„Не можев да ја следам целата дискусија во Парламентот, овде во обвинителството имаме многу работа“

Вака само еден ден по изгласаната интерпелација во Собранието, државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски за ВЕЧЕР ја отвора дилемата за тоа дали ќе си поднесе ли оставка или ќе остане на функцијата?

Коцевски вели дека засега не размислува да се повлече, туку напротив – „со пркос“ ќе продолжи да се справува со најсложените случаи на криминал и корупција.

„Не можев да ја следам целата дискусија во Парламентот, овде во обвинителството имаме многу работа, особено по откривање на големите случаи каде што моравме да ангажираме и по неколкумина обвинители. Политиката ја оставам на политичарите и ќе употребам еден тежок збор – пркос, пркос кон предметите за кои во моментов ве уверувам дека имаме многу цврсти докази да ги добиеме на суд“, изјави Коцевски за Вечер.

Според него, случаите „Онкологија“, милионскиот криминал на бизнисменот Крмзов тежок 90 милиони евра, како и убиствата поврзани со криминални пресметки се приоритети на Обвинителството. Посебно го истакна и предметот за пожарот во дискотеката „Пулс“, за кој, како што рече, лично се обврзал пред семејствата на жртвите дека ќе има правна разрешница.

Анкетата која покажува само 2% доверба во правосудството ја смета за нереална, но признава дека реален проблем е фактот што обвинителствата добиваат само 0,2% од државниот буџет, и тоа во време кога бројот на истраги е дуплиран.

На крајот, Коцевски испраќа апел до јавноста:

„Не верувајте во црната кампања против обвинителите. Борбата во која треба да победи правдата е заедничка.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026
Македонија

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди

26/07/2026
Македонија

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Доста е од дезинформации – време

26/07/2026
Македонија

Пронајдени човечки останки кај македонско-албанската граница

26/07/2026
Македонија

Мицкоски: Скопје памети, Македонија не заборава – вечен спомен за

26/07/2026
Македонија

Приведени осум лица – при преглед кај нив е пронајдена

26/07/2026
Македонија

Хорор во скопско село: Ја фатил мајка си низ прозорецот

26/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44677
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Муцунски: Загрижени сме поради последните инциденти со дронови во Романија

26/07/2026

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, изрази сериозна загриженост поради последните инциденти со дронови во Романија и

Историски случај во Македонија: Жена на 61 година го роди своето прво дете

26/07/2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена

Во Гостивар првите симптоми се појавиле пет дена порано

26/07/2026

Стотици жители на Гостивар побарале лекарска помош поради стомачни тегоби неколку дена пред надлежните официјално да прогласат епидемија, покажуваат податоците

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy