Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕЛЕКТРОЛУКС ГО „ГАСИ“ ПРОИЗВОДСТВОТО ВО УНГАРИЈА, ВО ГОЛЕМА ЗАГУБА Е: Без работа ќе останат 650 вработени
Економија

ЕЛЕКТРОЛУКС ГО „ГАСИ“ ПРОИЗВОДСТВОТО ВО УНГАРИЈА, ВО ГОЛЕМА ЗАГУБА Е: Без работа ќе останат 650 вработени

02/02/2023

AA

Шведскиот
производител на апарати за домаќинство Електролукс одлучи да го затвори
производството во унгарската фабрика Нирегихаза на почетокот на 2024 година
поради очекуваната послаба побарувачка во период на висока инфлација и високи
каматни стапки. Фабриката во Нирегихаза произведува фрижидери и вработува околу
650 работници.

Компанијата објави дека, поради прекинот на производството
во Унгарија, ќе резервира трошоци за реструктуирање од околу 550 милиони
шведски круни (48,5 милиони евра) во првиот квартал. Тие посочија дека
очекуваат помал обем на продажба оваа година поради послабото расположение на
потрошувачите, додавајќи дека можеби нема да можат целосно да ги пренесат
повисоките трошоци за енергија и работна сила на клиентите.

Според нивната проценка, побарувачката годинава би требало
да ослаби во Европа и Северна и Латинска Америка, додека стабилна треба да биде
во азиско-пацифичкиот регион, Блискиот исток и Африка.

„Во последните три месеци од минатата година работевме со
оперативна загуба од 1,96 милијарди круни.

„Очекуваме дека во 2023 година на расположението на
потрошувачите ќе влијае негативно високата инфлација и каматните стапки, но со
разлики меѓу регионите. Ќе ни биде тешко целосно да го компензираме очекуваното
негативно влијание на надворешните фактори во текот на 2023 година врз цените“,
изјави извршниот директор Џонас Самуелсон.

На 11 јануари, Електролукс предупреди дека поради
континуираните високи трошоци и слабата побарувачка, особено во Северна
Америка, очекува оперативна загуба во четвртиот квартал од околу две милијарди
круни и пад на органските приходи за осум отсто.

Тие денеска објавија дека во последните три месеци од
минатата година работеле со оперативна загуба од 1,96 милијарди круни (190,3
милиони долари), наведувајќи ги трошоците за реструктуирање од 1,5 милијарди
круни. Во истиот период во 2021 година забележаа оперативна добивка од 882
милиони круни.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy