
ЕКСПЛОЗИЈА ВО ПРИЗРЕН: Девет луѓе завршија во болница
Експлозија одекна на Косово. Девет луѓе денеска се повредени при експлозија на рачна бомба во Призрен на Косово. Ова се случило на саемот за животни.
Сите повредени се примени во болницата во Призрен.
„Во експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен повредени се девет лица“, соопшти косовската полиција.
Полицијата идентификувала тројца осомничени и трага по нив. Нема информации за мотивите на нападот. Неодамна имаше експлозија во Митровица. Тогаш имаше материјална штета.
