Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕКОНОМСКИ ФЕНИКС: Порано беше симбол за задолжување, но сега приказната е сосема поинаква
Регион

ЕКОНОМСКИ ФЕНИКС: Порано беше симбол за задолжување, но сега приказната е сосема поинаква

23/10/2023

AA

S&P Global Ratings го подигна кредитниот рејтинг на Грција на инвестициска оценка.

Ова е прв ваков рејтин по подолг период од еден од трите големи компании, откако земјата беше потресена од должничката криза пред повеќе од една деценија.

Одлуката од петокот ја става Грција на BBB- со стабилна перспектива, а S&P им се придружи на јапонската Rating and Investment Information Inc, на германската Scope Rating и на Canada DBRS Morningstar во рангирањето и сега веќе не ја сместува грчката нација во „загрозена“ територија. Сите агенции тоа го направија по реизборот на реформистичкиот премиер Киријакос Мицотакис во јуни, пишува Блумберг, а пренесува порталот „Ало.рс“.

Мицотакис вети дека ќе ја задржи својата политика пријателска за бизнисот, додека на пазарите јасно им стави до знаење дека нема да ја компромитира буџетската дисциплина, и покрај дополнителните трошоци во текот на летото поради пожарите. Тој, исто така, вети дека ќе го намали соодносот на долгот на под 140 отсто од производството до 2027 година, од највисокото ниво од 206 отсто во 2020 година.

„Значајната буџетска консолидација го стави фискалниот пат на Грција на значително подобрување“, се вели во соопштението на S&P, додавајќи дека грчката влада можела редовно да ги надминува сопствените буџетски цели, и покрај постепеното зголемување на социјалните трансфери.

Економијата на Грција ќе се прошири за 2,3 отсто во 2023 година и три отсто во 2024 година, покажуваат владините проекции, што е многу подобро од повеќето европски земји. Се додава дека туризмот продолжува да дава голем придонес и оди кон уште една рекордна година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026
Македонија

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026
Македонија

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран

04/08/2026
Македонија

ЦУК: Регистрирани 14 пожари на отворен простор — активен само

04/08/2026
Македонија

44 акциски контроли за санкционирање на незаконит риболов во јуни

04/08/2026
Македонија

Водата во Гостивар сѐ уште е само за техничка употреба:

04/08/2026
Македонија

Велес се прости од д-р Никола Стојановски: Со државни почести

04/08/2026
Македонија

Доенчиња помлади од шест месеци не треба да се мачкаат

04/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44854
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсена снаа од Кавадарци, и се заканувала на свекрвата!

04/08/2026

На 03.08.2026 во 22:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишиja од слобода Д.П.(41) од Кавадарци, постапувајќи по претходна

Сосед истепал сосетка во скопски Петровец

04/08/2026

На 04.08.2026 во 07:10 часот во СВР Скопје, К.К.(60) пријави дека била физички нападната од нејзиниот сосед Б.Ј.(64), двајцата од

Временска прогноза за следните 14 дена: Не очекува топол бран со температури до 38 степени

04/08/2026

Во текот на следните две недели не очекува стабилно, сончево и исклучително топло време, со високи дневни и тропски ноќни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy