
ЕКОНОМСКА СИЛА ВО ПОДЕМ, ЌЕ ГИ НАДМИНЕ И ГЕРМАНИЈА И ЈАПОНИЈА: Оваа држава ќе има БДП од 5 трилиони долари
Индија би можела
да стане трета по големина економија во светот до 2027 година со БДП од пет
трилиони долари, објави Министерството за финансии на земјата.
Во моментов,
Индија е петта по големина економија во светот, зад Соединетите Американски
Држави, Кина, Јапонија и Германија.
Фискалната 2024
година во Индија започнува на 1 април 2023 година и завршува на 31 март оваа
година, а Министерството за финансии на Индија очекува економски раст од седум
отсто на годишно ниво, па дури и над седум отсто во овој период, пишува CNBC.
Доколку оваа
прогноза се оствари, тоа ќе биде трета последователна фискална година за Индија
со економски раст од седум отсто.
„Силата на
домашната побарувачка, односно приватната потрошувачка и инвестициите, се
последица на реформите и мерките спроведени од Владата на Индија во последните
десет години“, рече главниот економски советник на Индија, Ананта Нагесваран.
Тој очекува дека
економскиот раст на Индија нема да запре ниту во следната фискална година и
дека повторно ќе изнесува околу седум отсто.
фото: Unsplash
