
ЕК спушти „рампа“ за ИПАРД 3? Висат 97 милиони евра поради корупција – Владата тврди дека нема такво известување
Дали Европската Комисија (ЕК) воведе целосна суспензија на ИПАРД 3 програмата, со што директно се блокирани 97 милиони евра наменети за македонските земјоделци? Ова е прашањето кое ја бранува јавноста откако се појавија информации дека Брисел го „замрзнал“ финансирањето поради корупциски скандал.
Според информациите што ги објави телевизија Телма, негативната одлука во Брисел била донесена уште на 10 декември, а домашните институции биле известени пред неколку дена.
Сепак, Владата демантира. На прашањето дали е точно дека парите се блокирани, од таму кратко одговориле дека „вакво известување, односно информација, не е пристигната до нив“.
Според деталите до кои дојде Телма, во протоколот испратен од Европската Комисија до Министерството, како причина за суспензијата (interruption) на сите исплати кон Платежната агенција се наведува:
Оваа мерка значи стопирање на протокот на пари од Брисел кон македонската Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Во прашање се сериозни средства кои требаше да ја модернизираат македонската земјоделска инфраструктура:
Периодот за имплементација на ИПАРД 3 започна во 2023 година и треба да трае до 2030 година.
Според податоците кои на 27 ноември ги презентираше министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, состојбата со договорите е следна:
Со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството во моментов раководи Даниела Ротова Лазарова, која беше именувана од Владата по апсењето/разрешувањето на нејзиниот претходник Илија Стиглев. Останува неизвесно дали и како оваа наводна блокада ќе влијае врз земјоделците кои веќе инвестирале и чекаат поврат на средствата.

