Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 проценти, наредната 3,1 отсто
Македонија

ЕК: Растот на македонската економија годинава 2,0 проценти, наредната 3,1 отсто

15/05/2023

AA

Европската комисија предвидува дека македонската економија годинава ќе забележи раст од два отсто, а во 2024 од 3,1 процент.

Во пролетната економска прогноза на ЕК, во делот за Северна Македонија, се вели дека по делумното закрепнување од рецесијата предизвикана од пандемијата од Ковид-19, годишниот раст на БДП забави од 3,9 проценти во 2021 година на 2,1 процент во 2022 година. На економијата на земјата влијаеја намалената надворешната побарувачка, прекините во глобалните синџири на снабдување и растот на глобалните цени на храната и енергијата.

– Додека пензиите и платите реално се намалија, пораснаа дознаките и приватната потрошувачка. Домашната потрошувачка, иако помала отколку во 2022 година, останува клучниот двигател на растот, се вели во извештајот. Се предвидува растот на инвестициите да остане стабилен со дополнително зголемување на постојните.

Негативните надворешни влијанија се очекува да се намалат, согласно со зголемената странска побарувачка и понискиот раст на увозот, наведува ЕК.

Дефицитот на тековната сметка значително се зголемил во 2022 година, поради наглиот раст на цените на енергијата и зависноста од увоз. Значителното зголемување во приватните трансфери (дознаки) и суфицитот во услужната дејност, потпомогнат од закрепнувањето на туризмот, делумно го компензирале влошувањето во трговијата со енергија. Проектираното намалување на дефицитот на сметката во текот на прогнозираниот период е главно поради значителното подобрување на трговскиот биланс, пониските цени на суровините, како и посилната надворешна побарувачка, поддржана од олеснувањето на притисоците во синџирите на снабдување.

Стапката на инфлација се искачила на 14,2 проценти во просек во 2022 година, во споредба со 3,2 проценти во 2021 година. Храната и енергијата заедно сочинуваат речиси 60 проценти од домашната структура на индексот на потрошувачките цени, а токму растот на цените во овие две категории имале најголемо влијание на вкупната инфлација, која во октомври достигнала врв на 19,8 проценти. Иако се бележи пад, базичната инфлација опстојува, поради заостанатите прелевања од цените на енергијата, но се очекува да продолжи да се намалува.

Економскиот раст треба да се засили во 2024 година, пред се воден од домашната побарувачка. Се предвидува и постепено намалување на фискалниот дефицит.

Како ризици за економскиот раст ЕК ги посочува пречките што се поставуваат пред владините планови за јавни инвестиции и даночната реформа. Од друга страна, процесот на пристапување на земјата во ЕУ е катализатор на развојот и за спроведување на структурните реформи и фискална одржливост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026
Македонија

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува

08/02/2026
Македонија

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ

08/02/2026
Македонија

АРМ: Нема нови случаи на шуга кај војниците, состојбата се

08/02/2026
Македонија

📷 ЛИЗГАВИОТ МАГЛИВ ПАТ ИМ ГО ПОМАТИЛ ПЛАНОТ НА КИДНАПЕРИТЕ

08/02/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да се изненадам ако заплената на марихуана достигне

08/02/2026
Македонија

Села бара конкретни мерки за употребата на албанскиот јазик и

08/02/2026
Македонија

Работник во електродистрибуција во КЕЦ Битола спаси маче заплеткано во

08/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41212
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАГЛИВО И ВРНЕЖЛИВО ЦЕЛА СЕДМИЦА На планините ќе падне снег

08/02/2026

Времето утре, 9 февруари, ќе биде облачно, со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни во југоисточните делови (над

КРАЈ НА ПРИВРЕМЕНИТЕ ДИРЕКТОРИ, УДАР ПО СТАРИТЕ ПРАКТИКИ Минчев најавува мерит-систем за 100 институции

08/02/2026

По првичните реакции од јавноста и невладиниот сектор во врска со Предлог-законот за висока раководна служба, министерот за јавна администрација,

НЕМА ДА МУ СЕ ИЗВИНАМ НА ЗАЕВ, ТОЈ ДА Ѝ СЕ ИЗВИНИ НА МАКЕДОНИЈА Петрушевски

08/02/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на прес-конференција објави дека нема ниту намера ниту потреба да му се извини на екс-лидерот

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy