Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕК: Европската економија е силна и покрај глобалните предизвици
Македонија

ЕК: Европската економија е силна и покрај глобалните предизвици

15/05/2023

AA

И покрај глобалните предизвици европската економија сè уште е силна, се наведува во денеска објавената пролетната економска прогноза на Европска комисија.

Во првиот квартал од оваа година, европската економија забележа умерен раст пред сè поради пониските цени на енергијата, силниот пазар на труд и намалувањето на проблемите поврзани со набавките. Умерениот раст е показател дека европската економија нема да влезе во рецесија.

Во првиот квартал растот на бруто домашниот производ во ЕУ изнесува 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, а БДП во еврозоната порасна за 0,1 проценти.

Врз основа на успешниот почеток во првиот квартал, економските експерти заклучуваат дека европската економија ќе порасне за еден отсто во 2023 година, а за 1,7 проценти во 2024 година.

Бројките одразуваат малку поголем оптимизам во споредба со претходната прогноза што ЕК ја објави во февруари, предвидувајќи економски раст од 0,8 отсто во 2023 година и 1,7 проценти во 2024 година.

Според прогнозите на ЕК растот на БДП во еврозоната ќе биде 1,1 отсто во 2023 година и 1,6 проценти во 2024 година. Годишната стапка на инфлација во еврозоната се очекува да биде 5,8 отсто во 2023 година, а да се намали на 2,8 проценти во 2024 година. Од главните економски показатели се констатира дека економскиот раст продолжува и во вториот квартал. Европската централна банка (ЕЦБ) и другите европски централни банки се при крај на циклусот на зголемување на каматните стапки.

Следниот извештај на ЕК се очекува во јули.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар

07/02/2026
Македонија

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување,

07/02/2026
Македонија

ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗАБОЛЕНИ ОД ШУГА Биле на обука во

07/02/2026
Македонија

Внимавајте: На овој патен правец има магла

07/02/2026
Македонија

КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е

07/02/2026
Македонија

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

07/02/2026
Македонија

УКРАЛ 45.000 ЕВРА ОД ФИРМАТА КАДЕ РАБОТЕЛ Полицијата уапси 35-годишен

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41178
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Полскиот европратеник полуде – погледнете што направи со знамето на Европската унија

08/05/2025

При посета на државна институција во Катовице, Полска, Гжегож Браун го забележал знамето на Европската унија во ходникот. На контроверзниот

Огромен напредок во преговорите за царини меѓу САД и Европската Унија

14/04/2025

Преговарачите од САД и од Европската Унија се сретнаа неколку пати и постигнуваат огромен напредок, изјави денеска економскиот советник на

Фон дер Лајен: Европската унија е подготвена да возврати на американските царини

01/04/2025

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во вторникот во Европскиот парламент изјави дека Европската унија ги има сите

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy