Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЕК е загрижена затоа што Србија дава пасоши на Руси – можно ли е враќање на визите?
Регион

ЕК е загрижена затоа што Србија дава пасоши на Руси – можно ли е враќање на визите?

01/09/2023

AA

Европската Комисија (ЕК) е загрижена поради измените на Законот за државјанство во Србија.

Тие би можеле да ги олеснат процедурите со кои странските државјани би можеле да добијат српски пасош, јави дописникот на МИА од Белград.

„Комисијата изрази загриженост дека планираните измени на српскиот Закон за државјанство може да претставуваат ризик за јавната политика или безбедноста на Европската Унија (ЕУ), со оглед на тоа што граѓаните на Србија уживаат безвизен пристап до ЕУ“, се наведува во писменото соопштение од ЕК доставено до Радио Слободна Европа (РСЕ).

Граѓаните на трети земји на кои инаку би им била потребна виза за патување во ЕУ, тоа би можеле да го сторат без виза.

Во оваа насока, се потврдува дека ЕК е запознаена со големиот број населени руски државјани во Србија по почетокот на руската  инвазија на Украина.

„Европската комисија внимателно ја следи ситуацијата и редовно се распрашува кај српските власти за присуството на руски државјани во Србија. ЕК побара од Србија да ја земе предвид нејзината загриженост“, се наведува во писменото соопштение.

Надлежните од ЕК ја потсетуваат Србија дека како земја кандидат за полноправно членство во ЕУ се очекува постепено да се усогласи со политиките и одлуките на ЕУ.

Во годината на руската инвазија на Украина, стотици илјади Руси побараа привремен или постојан престој во Србија. За седум месеци од 2023 година, пристигнале во речиси ист број како и во целата 2022 година.

Во 2022 година, бројот на руски државјани кои добиле српски пасош се зголемил тројно во споредба со годината пред инвазијата. Овој тренд продолжи и во 2023 година.

Законот за државјанство дозволува Владата да одобри државјанство по посебна постапка под одредени услови.

Како што е дефинирано во законот, државјанството се доделува според таа процедура доколку „приемот во државјанство би претставувал интерес“ за Србија.

Според одлуките на Владата на Србија до 21 август српско државјанство добиле 76 граѓани од други националности. Повеќето од нив се од Русија.

ЕК претходно предупреди дека Србија ќе го ризикува безвизниот режим поради поедноставените процедури за добивање српско државјанство.

Србија е меѓу ретките држави во Европа што не воведе санкции кон Русија и има директни летови со Москва.

Поради тоа што нема напредок во дијалогот Белград – Приштина, има закани дека за Косово и Србија ќе бидат вратени визите. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЛИ ЗАКОНОТ? Јавната дебата сè уште трае,

14/02/2026
Македонија

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за пријавување на приходите од

14/02/2026
Македонија

Јаневска: „Немаме време за просечност“ – Започнуваат директни средби со

14/02/2026
Македонија

ССМ со податоци: Македонскиот работник создава 5.000 евра месечно, а

14/02/2026
Македонија

„ПОЛА ВЛАДА НА ЗАЕВ ВО ЗАТВОР ЌЕ ОДЕШЕ!“ Манасиевски ја

14/02/2026
Македонија

ПИЈАН ИЗЕЛТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ЛОКВИЦА Полицијата приведе скопјанец и

14/02/2026
Македонија

Албански државјанин ставил пари во патната исправа при сообраќајна контрола

14/02/2026
Македонија

Кавадарчанка измамена од сограѓанка за 180 илјади денари – требало

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41466
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЌЕ СЕ МЕНУВА ЛИ ЗАКОНОТ? Јавната дебата сè уште трае, МОН очекува официјални забелешки

14/02/2026

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека јавната дебата за новиот Закон за високо образование сè уште трае

ВАЖНА ВЕСТ ОД УЈП: Рокот за пријавување на приходите од странство е до 31 март!

14/02/2026

Управата за јавни приходи (УЈП) упати потсетување до сите граѓани (резиденти) кои во текот на 2025 година оствариле каков било

Јаневска: „Немаме време за просечност“ – Започнуваат директни средби со универзитетите за новиот Закон за

14/02/2026

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, најави дека од следната недела започнува серија посети на универзитетите за директна дебата

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy