
ЏЕФ БЕЗОС ОДМАРА НА БАЛКАНОТ: Јахтата вредна половина милијарда долари закотвена кај Дубровник
Џеф Безос и
неговата свршеница Лорен Санчез одмараат во нашето соседство, ја закотвија
јахтата Кора вредна 500 милиони долари во близина на Дубровник, пишува Klix.ba.
Страниците кои го
следат движењето на луксузните јахти забележаа дека Кора моментално се наоѓа во
близина на Елафитските острови.
Тие претходно
биле во Грција, а со нив била видена и Деми Мур, а се уште не се знае дали и
таа пристигнала со нив во Хрватска. Порталот 24сата објави ексклузивна
снимка од јахтата.
Џеф за малку ќе ја запросил својата избраничка, а за
прстенот платил 2,5 милиони долари. Тие двајца почнаа да се забавуваат пред пет
години. Тој ја запросил откако присуствувале на филмскиот фестивал во Кан.

