ЕДНОСОБЕН СТАН ЗА 1.500 ЕВРА: Енормно високи кириите на црногорското приморје
Од почетокот на војната во Украина, кириите на становите се
зголемени за 60 отсто во Подгорица, а цените двојно се зголемија на
црногорското приморје.
Така сега киријата за еднособен стан во Котор и Тиват
изнесува неверојатни 1.500 евра, додека просекот во Подгорица е 450 евра. Како
што велат соговорниците на
Побједа од Подгорица, помали станови во понуда речиси и да нема.
Пазарот на недвижности е во хаос, нема правила, што е последица
на војната во Украина, тврдат претставници на агенциите за недвижности,
пренесува Investor.me.
Во Подгорица просечната кирија за еднособни станови во
моментов е 450 евра, додека во 2021 година била 300 евра, а тоа е последица на доаѓањето на голем
број странци во Црна Гора, особено на Украинците и Русите, што покажува дека
овој сегмент од пазарот е под големо влијание на глобалните фактори.
Најбарани се студијата и апартманите со една спална соба,
иако во последно време се бараат и двособни станови. Минималниот период на
изнајмување е една година. Што се однесува до Приморје, побарувачка има, но
понудата не е голема, а цените се многу високи.
Во Котор и Тиват се издаваат еднособни станови достигнуваат
цена до 1.500 евра, а
гарсоњера до 700 евра.