
Едно лице загина на автопатот Скопје кон Велес
На 07.12.2023 во 15.45 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот ,,Пријателство”, во правец од Скопје кон Велес, на околу 1400 метри после исклучок за езеро „Младост“, било пронајдено патничко возило „форд фокус“ со велешки регистарски ознаки, кое излетало надвор од коловозот.
Во несреќата, од здобиените повреди починал возачот Д.П.(59) од Велес, за кој на 06.12.2023 неговиот внук пријавил дека се оддалечил од домот. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош – Велес, а увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција.

