
Едно лице загина, 59 се повредени во судир на камион и автобус во Словачка
Во судар меѓу автобус и камион на автопатот на западот на Словачка, денеска загина едно лице, а најмалку 59 се повредени, соопштија властите во оваа земја.
Поради таа несреќа затворен е автопатот Д2 кој го поврзува главниот град на Словачка Братислава со соседна Чешка, соопшти полицијата.
Нема официјални податоци за степенот на повредите на жртвите, но спасувачите велат дека некои луѓе се тешко повредени.
Според словачките медиуми, во автобусот имало туристи од Унгарија.