
ЕДНО ЛИЦЕ ПОЧИНА: Пожар во кумановско Кокошиње
Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов информира дека попладнево има пожар во кумановското село Кокошиње. Како што вели пристигнала информација за починато лице, кое најверојатно е задушено од чадот. „Неговата сопруга била успешно евакуирана“, вели Ангелов.