Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и зошто се важни!
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и зошто се важни!

12/04/2026

AA

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни кај матичен лекар дали сака да ги донира своите органи по смртта.

Целта, според надлежните, е одлуката да се врати кај поединецот, а нејзиното почитување да стане неприкосновено.

Министерот за здравство Азир Алиу нагласува дека новиот модел треба да донесе поголема доверба и транспарентност, додека националната координаторка за трансплантација, д-р Билјана Кузмановска, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ укажа на реалниот проблем – честото одбивање од страна на семејствата, и покрај постоење услови за трансплантација.

Новите законски решенија треба да го намалат токму овој притисок. Со претходно изразена волја, како што објаснува Кузмановска, ќе се избегнат ситуации во кои различни ставови во семејството ја запираат постапката. Регистарот ќе биде доверлив, а одлуката ќе може да се промени во секое време.

И покрај законските измени, трансплантацијата останува сложен и длабоко емотивен процес. Најтешкиот момент, велат лекарите, е разговорот со семејствата во моменти на загуба, кога треба да се донесе одлука што може да спаси повеќе животи.

Од друга страна, пациентите кои чекаат трансплантација покажуваат висока подготвеност. Кај бубрег и црн дроб речиси и да нема одбивања – надежта за подобар живот е пресудна. Но, кај трансплантацијата на срце, која носи најголем ризик, одлуката е потешка и понекогаш се одбива.

Во моментов, околу 200 пациенти чекаат орган, најмногу за бубрег, додека околу 30 лица се на листа за срце и околу 14 за црн дроб. Постојат и пациенти кои чекаат трансплантација на корнеа.

Во изминатите години, здравствениот систем направи напредок – се зајакнуваат тимовите, се обучуваат лекари и се воведуваат нови процедури. Но, клучниот предизвик останува ист: недостигот од донори.

Затоа, пораката од експертите е јасна – одлуката за органодарителство не треба да се носи во најтешките моменти, туку навреме, со свесност дека со еден чин може да се спасат повеќе животи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува

12/04/2026
Македонија

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се

12/04/2026
Македонија

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42399
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно

12/04/2026

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од

СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА НА ИЗБОРИТЕ ВО УНГАРИЈА Зајкова и Муса се дел од над 130 парламентарци

12/04/2026

Пратеничките Моника Зајкова, шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ) и Мимоза Муса, член на Делегацијата,

Ковачевски: Инфлацијата го јаде стандардот, Владата доцни со мерки

12/04/2026

Поранешниот премиер и екс-лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ упати остри критики до актуелната власт,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy